Крвта Не Е Вода, Крвта Е Ефтин Коњак

[fblike]

krvta-ne-e-voda-krvta-e-eftin-konjak-1Ја знаете ли реченицата која кажува дека крвта не е вода?
Тоа во метафорички превод значи дека крвта сепак е онаа што не држи сплотени со личностите со кои имаме крвна поврзаност без разлика дали сме скарани, замерени, не се сакаме…
Но, доколку некој не нападне или се почувствуваме загрозени за исчезнување на член од нашата крвна лоза, ете тогаш се потврдува реченицата дека крвна навистина не е вода.
Во тие моменти скараните се смируваат, замарените се прегрнуваат и си пуштаат рака, а оние што не се сакаат сепак сфаќаат дека во фамилијата не постои омрза, постои само љубов.
Без разлика на се, сепак семејството е она кое секогаш ќе биде тука за нас, во лошо и во добро, секако со исклучоци.
Крвта не е вода, секако дека тоа е така, но се прашувам што кога во семејството се роди индивидуалец кој сака да се ослободи од катанците, адетите, ограниченото размислување на семејството или сака да замине некаде надвор да се самоактуелизира на свои нозе.
Зарем тогаш крвта не е вода, не важи?
Секако дека важи, но наместо вода крвта се заменива со ефтин коњак, крвта можеби не е вода, но е како ефтин коњак.
Ако консумирате повеќе од потребно односно ако се сплотите со семејството повеќе од потребно, вас ќе ви се слоши, ќе ви се мати во главата, едноставно ќе посакате да повратите исто како од премногу пиење на ефтин коњак.
Сигурно дека не сфаќате за што станува збор, но сега ќе ви биде појаснето.
Каде и да одиш, што и да правиш, со кого и да го правиш тоа, без разлика колку и да си успешен и колку сакаш да се оддалечиш од сите што ги познаваш, таа твоја крв таму некаде секогаш ќе те влече назад.
Без разлика дали од страв да не исчезне, дали од страв да не бидете таму во последните моменти на семејството или да сакате и нив да ги извлечете од нивната кутија, таа крв секогаш ќе ве тера да се сплотите повторно со нив и да ги оставите соништата во мирување, барем на кратко.
Кај други кои сакаат да го спасат своето семејство на било каков начин таа крв можеби ќе им делува како дополнителен стимул за побрзо да постигнат се што сакаат и да уживаат во успесите заедно со семејството.
Во двата случаеви ќе ни се лоши, мати во главата и ќе ни се повраќа се доколку сме родени како индивидуалци кои сакаат да спасат се што е нивно, нивна крв, нивно месо, нивни луѓе, се додека не се среди се.
Ете затоа крвта можеби не е вода, но делува врз нас како ефтин коњак.
Посетено 979 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!