Кожа И Етно Примерок Со Потпис На Кристијан Лобутин

Пролетна мини колекција на необични торби
Louboutin_Tribalou_pocetna_majkatiitatkoti
Кристијан Лобутин лансираше мини колекција на одлични кожни ташни
украсени со необични етно модели што ќе ја надополнат
секоја пролетна комбинација
Етнo шема со враќање на естетиката од 70-тите и boho трендот суверено се вратија на местото на сцената кои сигурно ќе ги видиме на многубројните модни додатоци оваа пролет и лето, а првата збирка на овие модни додатоци пристигнува од модната куќа  Кристијан Лобутин, насловена како “Tribalou“.

Louboutin_Tribalou_01

Кристијан Лобутин својата торба, “The Passage Mini Tribalou“, направена од кожа во црна боја, ја надополни со шарен етно принт која со неговата комбинација на боја “линија” на лице на предната страна од торбата, а на краевите на двете страни делуваат како косата. Потписот на Лобутин може да се почувствува по карактеристичната нијанса на та боја што ја краси внатрешноста на торбата преполна со прегради за лесно снаоѓање, така што нема со часови да ги барате клучеви или мобилниот телефон во најоддалечените делови на торбата.

Louboutin_Tribalou_02

 

Aliosha Tribalou Backpack” кожниот ранец ќе ви падне  во очи благодарение на енергичната и светла сина боја зачинета со разнобојни етнички принтови. Фановите на маркантни парчиња со овој ранец сигурно ќе дојдат до израз. Покрај интересниот изглед, овој ранец може да се пофали и со функционалноста – многу бројните џебови, прегради и кукички ќе ги задоволат вашите секојдневни потреби.
Колекцијата можете да ја  најдете во продавниците низ целиот свет и на интернет.

 

Посетено 451 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!