Костими за капење за секој вкус

Одлична колекција Solid & Striped
Solid-Striped-4_majkatiitatkoti
Иако на пазарот е присутен само четри години, американскиот бренд Solid&Striped се наметна како водечка дизајнерска куќа
за костими за капење и алишта за на плажа
Пред една недела беше официјално пуштена  новата колекција на костимите за капење Solid&Striped која е дизајнирана од страна на британската “it” девојка Poppy Delevingne. Нејзиниот препознатлив стил е трансформиран во серија фантастични едноделни и дводелни  модели на костими кои без проблем  може да се носат и како body за време на летните вечерни излегувања. Во новата колекција, чиј lookbook е претстави овие денови, Solid&Striped се потпира на едноставна палета на бои (бела, црвена, сина) и на вечниот модел на линии кои изгледа особено ефективен на едноделниот модел”Anne Marie”. Љубителите на дводелниот  костим ќе ги воодушеват моделите “Morgan” и “Jane” кои флертуваат со спортската естетика, а во понудата е и дводелниот костим со ретро крој “The Belle”  во карирана варијанта.

solidd_new_3_of_12solidd_new_8_of_12.solidd_new_7_of_12solidd_new_10_of_12solidd_new_6_of_12solidd_new_2_of_12solidd_new_1_of_12solidd_new_11_of_12solidd_new_9_of_12solidd_new_5_of_12

Посетено 781 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!