Kолку време треба за чоек да прегори

covek da pregori_majkatiitatkoti
Колку треба за чоек да прегори
за да му се пеплоса душата
ништо од неа да не остане
за да можи после од пепелта да воскресне
небаре Феникс
да се крени
да замириса повторно на убост
да се закрпи по рабовите кај шо се поткинал
со главата горе
со ликот повторно светнат
со верба и љубов во себе
колку
колку треба за чоек да прегори
сам себе да си прости оти љубов не искрепил
ете
и на другиот, оној спроти него
и нему да му прости оти не го дочувал
да си го исчисти умот од лоша мисла
од бес
и од срам дека не успеал
дека достоен за среќа не бил
ниту пак знаел како да усреќи некого
колку треба
колку време треба за чоек да прегори
колку време им треба на оние кои време немаат
или пак во времето не веруваат
за да кажат
“ПРОСТЕНО ТИ Е
за сите ноќи неспани ти простувам
и за оние полни кошмари
за сета горчина во градиве
и онаа во устата што се собрала
за сите брчки со кои ме нагости
и оние кои сама си ги сторив
со стегање на усните за да не врескам
за сета тага која ја голтав
како вкусна вечера за двајца поставена
за отровот кој како вино го пиев”
колку
знае ли некој да ми каже колку време треба
за да простам, за да заборавам
оти јас знам само колку време те љубам
и знам колку време ми требаше во книга да те ставам
колку време усните на моиве ти спиеја
и рацете на телово ти беа
знам колку време ме болиш
и колку време себе, заради тебе се болам
и прстиве што за тебе стихови везат
ама не знам
еве не знам колку време треба за пребол
за ТИ ПРОШТЕВАМ
не знам колку време за заборав треба
ниту за чоек пак цел да биди
можеби ко што блиските велат
“следната година ова време на болката в лице ќе и’ се смееме”
и проклетство
сакам така да е
да седам во кафеана со моите луѓе
со оние кои тебе во очиве те гледаа
и молкум да наздравиме
со мал насмев на разбирање
дека си ми минал
дека си само спомен
дека сум прегорела
дека сум жива
дека сум ти простила
простено
простено да ти е
Посетено 5.622 пати