Кога за вложени 10 денари ќе добиеш 90.000 евра
[fblike]
Тикетот на својот живот еден Белграѓанин го одигра изминатиов викенд
по кој тој е побогат за дури 90.000 евра.
И тоа за вложени 20 динари (или 10 денари) и со коефициент од неверојатни 315.019,68. Поради големиот број на двојки тој добил и бонус кој значително ја зголемил и онака астрономската добивка.
На добитното ливче Белграѓанинот ставил дури 30 двојки од натпревари кои се играа низ цела Европа. Од нив 29 се играа во сабота по што во недела му остана да чека само еден меч за добивка.
Тоа беше дуелот помеѓу Слобода од Ужице и Сингелиќ, средба на која тој играше да не загуби домаќинот, нешто што и се случи по ремито од 1:1. Реми по кое славјето можеше да почне и по кое ливчето на овој Белграѓанин, кој сосема нормално посакал да остане анонимен, стана остварување на сонот на секој кој за „ситно“ игра секој викенд.
Инаку, неодамна и во Скопје имавме астрономска добивка кога во обложувалницата „Моцарт“ во Кисела Вода еден среќник уплати 180, а на крајот доби нешто над 3.000.000 денари.
Прочитај повеќе на: Pixel.mk
Посетено 3.057 пати