Кејт Бланшет: Од бездомничка до примабалерина
Повеќе лица на познатата актерка
Добитничката на две престижни филмски награди Оскар уште еднаш покажа дека лесно може да се трансформира во било кој карактер
Убавата актерка Кејт Бланшет стана ѕвезда на новиот уметнички проект. Берлинскиот уметник Julian Rosefeldt кој ќе ја отвори изложбата наречена “Манифестот” во Австралија на 9. декември, направи проект во кој главна протагонистка е Кејт Бланшет. Во неколку различни ликови ја ја прикажа трансформацијата на актерката во улогите на бездомничка, примабалерина, рок-ѕвезда, учителка, телевизиска презентерка и многу други. Колку вешто го пренесе изгледот, емоцијата и расположението на карактерите може да ги види на фотографиите, а изложбата ќе биде представена во форма на видео инсталација и фотографија во движење. Фасцинантно.
Посетено 1.481 пати