Какво е чувствотото да се забавувате со некој со кој знаете дека нема да се ожените/ омажите

par_majkatiitatkoti

Јас навистина имам лошо искуство кога станува збор за состаноците. Всушностм, добро е во почетокот се додека да сфатам дека таа не е вистинската за мене.

Навистина ми е тешко да разберам како некои луѓе излегуваат со личности со кои знаат дека нема да го поминат животот.

Секако, убаво е да имате некој во вашиот живот, но ако тоа е погрешната личност тогаш немате никаква корист- само штета.

Разбирам дека понекогаш луѓето се лажат самите себе или избегнуваат да прифатат дека нема надеж за врската, но повеќето луѓе знаат што точно прават и сепак го прават тоа.

Јас немам трпение. Не сакам да се преправам дека уживам да го поминувам времето со некој, кога вистината е дека подобро би била со моите пријатели, моето семејство или пак сам со себе.

Можеби тоа е поради тоа што сретнав некој со кој можев да се оженам уште како млад па токму тоа ме прави толку искрен и директен. Можеби пак само не сакам да го трошам залудно моето и времето на другите луѓе.

Поентата е- Излегувањето со некоја личност која знаете дека не е за вас е искрено трошење на време. Убаво е да имате секс и потоа да не морате да се грижите за ништо. Убаво е да имате некој со кој ќе можете да разговарате и да ве поддржува кога тоа ви е потребно.

Но сепак, на крајот од денот вие нема да бидете среќни. Знаете дека оваа врска не води никаде и тоа ве јаде и вас и самата врска.

Имате постојана дебата во вашата глава дали треба да ставите крај на се

Проблемот е што прекрасно си поминувате и не гледате причина зошто да го напуштите бродот.

Од друга страна пак, знаете дека целото тоа време, енергија и чувства кои ќе ги вложите во одредена личност нема да ви се исплатат.

Исто така, ке сфатите и дека со тоа што излегувате со погрешната личност ги намалувате шансите да ја пронајдете вистинската личност. Но сепак, не сакате да бидете сами.

Понекогаш флертувате со други личности и се чувствувате виновни за тоа

Вие не сте вљубени во личноста со која излегувате, но сепак верувате дека сте должни да и покажете достојна почит на личноста со која што излегувате и која што таа ја заслужува.

Можеби и не сте сродни души, но вие не сакате да ги повредите чувствата на таа личност. Од друга страна пак, не смеете да ризикувате да ја пропуштите вистинската личност само поради тоа што во моментот се забавувате со некој друг.

Па, флертувајте- водени од вината и внатрешната несреќа за тоа во каква личност се претворивте. Вашата романтична љубов се претвора во материјал за шпанска серија.

Поминувате доволно време со оваа личност, но сепак се држите на страна

Не сакате целосно да ја изгубите оваа личност, но не сакате ни нешто премногу- бидејќи вие не ја сакате таа личност доволно.

Поминувате повеќе време сами или со вашите пријатели, а се помалку и помалку со личноста со која се забавувате. Сакате да ја видите таа личност само кога чувствувате потреба за тоа. И уште нешто, таа личност баш и не постои за вас.

Не ви е грижа што мисли за вас личноста со која излегувате

Велите нешта без да размислите како другите ќе го прифатат тоа.

Тоа е скоро исто како да се обидувате да најдете причина со која ќе ја разлутите таа личност, па дури и да го/ ја наведете тој/ таа да биде личноста која ќе стави крај на врската.

Во тој момент- вам не ви е грижа ако врската заврши- важно е само вие да не сте оној/онаа која ќе стави крај. Никој не сака да биде лошиот во приказната.

Ги нагласувате сите кавги кои сте ги имале

И за брзо време тие стануваат се почести и почести. А што е уште полошо, вие веќе не се ниту замарате со нив. Во половина од случаевите едноставно не одговарате или па само си заминувате од собата.

Можно е да бидете малку емотивно збунети, бидејќи и погрешната личност знае да биде добра личност. Можеби и не сте сигурни зошто не верувате дека вие двајца ќе го поминете животот заедно.

Љубовта не е многу логична и понекогаш не знаеме зошто се чувствуваме онака како што се чувствуваме. За жал, ова не помага да ги ублажите кавгите.

Наоѓате креативни изговори зошто сте премногу зафатени да излезете

Морате да работите до доцна. Морате да одите да ги видите вашите родители. Вашиот пријател е болен. Вие сте болни. Колата не ви работи. Морате да станете рано за да завршите некоја работа или пак да одите некаде на состанок. Вие сакате да излезете но едноставно сте премногу зафатени.

Кога излегувате со некој со кој знаете дека нема да се омажите/ ожените, вистината и искреноста не се дел од таа врска.

Вие всушност велите дека сте заинтересирани за можноста да бидете заедно засекогаш, а добро знаете дека тоа не е вистина. Која е следната болна лага?

Сексот станува досаден, а вие не знаете што да правите

Ова е најголемиот проблем, вообичаено единствената причина зошто сме со некој со кој знаеме дека нема да одиме до крај е сексот. А кога сексот оди лошо, тогаш во основа не постои ништо што би ја одржало таа врска.

Тогаш сфаќате дека крајот е неизбежен, и подобро тоа да биде сега отколку подоцна. Но прашањето е- Како да ставиме крај?

Полесно ќе ви беше да го дознаете ова ако имавте редовен оргазам, но токму тоа е она што ве доведе до оваа точка.

Се убедувате себе си дека е во ред да спиете со друга личност

Дали се смета за изневерување ако не ви е грижа за личноста со која се забавувате? Да, и тоа како. А што е уште полошо- вие сте со таа личност, но спиете со други луѓе додека ја искористувате за исполување на било кои цели за кои ви служи.

Од друга страна пак, ако сте веќе сигурни дека врската е готова, дали навистина е важно ако спиете со некој друг? Наскоро ќе спиете со други луѓе, во секој случај.

Мојот совет е да почекате. Луѓето заслужуваат да им ја покажете почитта која тие ви ја искажуваат. Наместо да трошите време размислувајќи во чии панталони да се вовлечете, поминете некое време како пристојни човечки суштества.

Целата ситуација станува неверојатно деликатна

Кога се забавувате со некој со кој знаете дека нема да се омажите/ ожените, знаете и дека врската ќе заврши, и тоа ќе заврши лошо. Врските вообичаено се поддржани само од едната страна. Едниот вложува во врската, а другиот ги сфаќа нештата не толку сериозно.

Голема е веројатноста дека ќе има драма. Многу нешта ќе си кажете еден на друг. Можеби дури и ќе исфрлите некои работи. Или пак, можеби само ќе ви биде непријатно. Ако сте веќе свесни дека доаќа тој ден, подгответе се.

Се справувате со емоционалните последици

Без разлика дали е сериозна врската или не, поминувањето на голем дел од вашето време со друга личност, во романтичен стил е многу поразлично од тоа да се биде сам и вообичаено не очекуваме тоа да не погоди така како што се случува.

Дури и ако сте среќни што врската завршила или можеби среќни поради тоа што сте го научиле од врската, сепак, вие сте повторно сами. Немате кој да наречете свој и што е уште полошо немате идеја како да пронајдете некој кој ќе вреди за тоа.

Никој не може да ви каже со сигурност, но излегувањето со погрешната личност ви овозможува да го игнорирате фактот. А сега тој ви е пред очи.

Посетено 22.106 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!