Како е да бидеш откачен од некој со кого не си бил во врска?

Многу деликатно прашање кое останува реторичко со многу понудени одговори кои ги параат вашите уши, а ги создава вашата глава поради тоа што егото е повредено

Како е да бидеш откачен од некој со кого не си бил ниту во врска?

Без разлика дали човекот кој не откачил сме го перцепирале како потенцијален партнер или авантура за неколку дена или недели, доколку истиот не откачи она што го чувствуваме секогаш е исто.

Горчина, лажна омраза и скршено его наместо срце, бидејќи ние не сме го сакале човекот, но ете сме развиле некои симпатии кон него.

Доколку сме го перцепирале како потенцијален партнер, во тој случај горчината е помала бидејќи ако заминал, не бил вистинскиот за нас.

Во спротивно доколку не откачил прв, а сме го гледале како авантура која сме планирале ние да ја откачиме наскоро, горчината е поинтензивна бидејќи човекот е деликатно суштество.

Не прифаќа да биде откачен!

Секако постојат исклучоци кои имаат доволно самодоверба и слободно размислуваат, секогаш тврдејќи му на своето его дека проблемот е во другиот штом заминал, а не во нив.

Но, другите обични смртници кои не размислуваат на негов правилен начин, се фрустрирани одреден период без причина.

Се прашуваат што погрешиле, дали биле доволно физички атрактивни или пак делувале/ направиле нешто глупаво штом авантурата решила да трае помалку од предвиденото.

Доколку имале секс со тој што ги оставил, тогаш е уште полошо, си викаат зарем сум лош/а во кревет или беше со мене само за да ме искористи, занемарувајќи го фактот дека уште на почеток сакале само авантура.

Но, повторно ќе напоменеме дека деликатен е човекот, дури и кога си кажува себеси дека сака само авантура, потајно се надева дека истото ќе прерасне во љубов од бајките.

Тоа е така бидејќи секој човек гаи желба за љубов, згриженост, внимание, животен партнер.

Но, потребно е да разберете дека не секој ја има истата желба за тоа во исто време како и вас и не секој сака да ја оствари таа желба на исти години како и вие.

Поради тоа настануваат раскинувања уште пред да се стапи во било каква врска, а кога ќе се случи тоа наместо да се обвинувате себеси потсетете се дека НЕ СЕКОЈ ИМА ЖЕЛБА ЗА ВРСКА ВО ИСТО ВРЕМЕ КАКО И ВИЕ, некои сакаат само авантура во одреден период во животот, а таа нивна одлука крие многу психолошки причини како на пример страв од повторно повредување предводено од лошо искуство, тешок животен период или не знаење што се сака навистина.

Тогаш мора да се соочите со одбивањето кое не е баш најпријатно, но не трае вечно, запрашајте се само доколку не успеете да залечите скршено его, како ќе успеете некогаш да залечите скршено срце што е неизбежно во животот?

Оваа личност која ве откачила е ситница во споредба со вистинските љубовни проблеми на кои ќе наидете во животот, затоа заборавете на тоа и сеќавајте се на истото како на добро искуство од кое сте научиле дека не со секој се започнува секаков контакт.

Бидете среќни што сте научиле на своја кожа бидејќи таквото учење е перманентно.

Затоа доколку моментално поминувате низ едно вакво раскинување од страна на некој кој не ви бил НИШТО, угаснете го пожарот во душата кој го потпалил егото, лажната омраза, гордоста и наместо горчина ќе почувствувате засладеност.

Таа засладеност ќе ве ослободи повторно, само доколку сфатите дека во животот се е релативно и понекогаш едноставно не се зависи од нас.

Посетено 8.114 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!