Како да возите велосипед и во зима
Краков (како и Скопје) има високо ниво на загадување во есенските и зимските месеци. Смогот најчесто е резултат од домаќинствата што се греат на јаглен и дрва и сообраќајот.
Локалните власти донеле закон за забрана за греење на јаглен и дрва од 2018-та година, но не преземале ништо во врска со автомобилите.
Затоа, основачите на Bike Belle решиле да почнат од почеток. Виделе како децата и возрасните ги „откачувале“ велосипедите кога ќе залади и решиле да дадат решение што ќе ги топли оние што возат велосипед кога е ладно.
Така, компанијата започнала колекција на плетени прекривки за седиштето во форма на различни животни кои ќе го елиминираат непријатното чувство на ладно седиште.
„Благодарение на прекривките, и децата и возрасните гледаат на возењето велосипед како на нешто забавно, нешто што можат да го прават со пријатели, а не како непријатна активност.
Исто така им помагаат да се згреат и да им биде поудобно“, изјавиле од компанијата. А еве и како изгледаат овие штосни грејачи за седишта:
Посетено 637 пати