Ја претеравте више! Доста е!

Коменарот е наменат за бурните рекации на нашите мили сограѓани, по повод пуштањето на Александар и Бен во Тинек-маркетите. Нешто што кај нас е немогуча мисија, а во светот е одамнешна реалност:

Добро бе, како не ви е срам? Како можете да зборувате така за пред се дресирани кучиња? Ќе излезете ли некогаш од селото (во паметот)? Ќе почнете ли да размислувате малку надвор од кутијата или пак ќе си останете рамо до рамо со својата заостанатост?

Сте сакале во Европа, знам и зошто, за полесно да се иселите и да не мора да се чекаат процедури за бугарски пасоши. И тогаш ШОК – секаде во светот ова функционира со години наназад. А вашиот глас никаде нема да допре… Ќе ти каже: Ај врати си се од кај што си дошол ако не ти одговара… А тебе пошто не ти се враќа во оваа вукојебина, ќе замолчиш… Ќе дојдеш тука на гости за време на годишните одмори и ќе плукаш по маркетите и автобусите кои решија да тргнат напред.

Пола од вас више сте се иселиле, што мрчите? Вашите продукти ќе бидат „ИЗДУШКАНИ“? Вашите деца ли ќе бидат исплашени, угризани и загрозени? НЕ! Затоа што вие сте далеку од овде.

За тие што се тука, а сакаат во Европска Унија, без да преселат, имам порака: Луѓе мои, светот се менува, законите се менуваат. Ако вие не сакате да пораснете, ние не сакаме засекогаш да бидеме заробени во банана-држава со никакви бенефиции за најнемоќните.

Дали знаете дека не мораш да се родиш инвалид, туку можеп низ годините да станеш? И дека секој од нас се наоѓа во потенцијален ризик? Не знаете или пак не сакате да си признаете? Што ако ВИЕ или НЕКОЈ ВАШ БЛИЗОК има потреба од специјално куче-придружник? Како вие ќе се осеќате? Како Александар, дури и полошо… Затоа што ќе се каете што некогаш сте мислеле така ступидно, така глупаво и себично.

Не посакувам никому ништо лошо… Братучед ми има целебрална парализа и знам колку да си ги ценам благодатите на животот… Но, пак ќе кажам, секому може да му се случи. Треба да се ставиме во сечија кожа… И да бидеме колку што можеме посолидарни… Затоа што на крајот од денот: НАРОДОТ ја чини ДРЖАВАТА… Не политичарите, не ЕУ, не светските сили, туку ние… А јас, со затуцан менталитет не сакам да живеам. Никој млад човек не сака… А, нели…

ИДНИНАТА Е ВО НАС МЛАДИТЕ!

Посетено 458 пати