Изгубени Сништа

[fblike]
Пред мене на ред во Биро за изгубени работи
стои една девојка,
не можам да и го видам ликот ама г’зот и те како
и’ го гледам
Што е до мене овака можам цел ден да чекам
ама еве ја,стигнува на ред
и ја слушам како прашува:
-си ги изгубив сништата, да не сте нашле некакви?
-какви сништа?
-најубави, најсреќни на свет,
цел живот ми беше во тие сништа
-не, ама најдовме детски панкреас,
неколку вештачки трепки,
шал на „вардар“ и еден изветреан дедо
-а сништа?
-не девојко, ти кажав, дојди утре пак
Девојката се врти и со спуштена глава
и тажни очиња брзо излегува
Леле, во живот не сум видел поубави очи
ама немам време да мислам на неа
пошто арогантниот глас на службеникот
ме враќа во стварност
-ти пак тука, што изгуби овој пат?
-карактерот
-аман бе, пак ли?
-е пак
-кај го изгуби?
Не успеав да одговарам затоа што во тој момент
влегува кај него друг службеник
и му вика:
-шефе, најдовме некаков сон, што да правиме?
-каков сон?
-уствари сништа се, изгледа женски
-ех, една само што ги бараше..ништо, фрлете ги
-НЕЕЕ, не ги фрлајте, дај те ми ги мене
ја знам девојката- излажав
-ок, на
-фала ти шефе, имаш пијачка за ова
-а со карактерот што правиме?
-ма батали го, не ми треба
Истрчувам надвор,со поглед ја барам
девојката и ја забележувам како седи на клупа
со главата бутната меѓу раце
И’ приоѓам:
-извини девојко, ти беше таа што си ги изгубила сништата?
Ме гледа со уплакани очи, ништо не вика само
немо климна со глава
-овие ли се? – ги вадам од џеб
-леле даааа, фала ти – и целата светна од среќа
Ги зема, ме гушна и најслатко што може ме пражува:
-како да ти се одолжам за ова?
-паа, паа…можам ли да бидам дел он нив?
-сакаш да бидеш дел од моите сништа?
-да, најмногу
-добро, влези
Ми ги отвори и кога влегов до пола ми текна нешто:
-а може ли да ти шепнам нешто во уста?
-хаха не брзај толку
-добро, имам време – тогаш цел влегов, и од тогаш
сум дел од нејзините сништа
Она не знае, ама и јас ја ставив во моите, на прво место
Посетено 1.171 пати

Website https://gogoanime.be: Watch Sword Art Online: Alicization - War of Underworld (Dub) gogoanime Episode 12 go go anime

AnimeKisa Watch english anime Online in HD for FREE

Website https://animeflix.nl: Watch Full Metal Panic! Invisible Victory (Dub) animeflix Episode 12 animeflix fairy tail

Watch Arte (Dub) Episode 12

Sites google: https://sites.google.com/view/animefreak-official/home

Instapaper: https://www.instapaper.com/read/1424460457