Исповратени Морски Плодови
Само што се спремав да влезам во зграда
кога видов како изнесуваат некого на носилки и го
ставија во Брза Помош.
„страшно, среќа што не сум јас“- се тешам
Влегувам во лифт и ауууу одвратно,
некој повраќал
Мислам ок е да повраќаш во лифт
и јас сум повраќал милион пати
ама само течности … водка, црнче, вода, узо
а ова е како некој да редел шантриви павер коцки,
ептен е тумбастично и се лизга.
Ај тоа него и чудно мириса, на море
Се наведнувам и што да видам???
Некој повраќал морска храна, гледам
шкампи, пипци од октопод, 2-3 врсти школки
Леле морска храна..од кога не сум јадел,
само ја сонувам,
ја гледам, лиги ми течат, ма ќе си ја земам.
Го земав лопатчето за ѓубре од дома
и се’ собрав,
ги измив под чешма и ми текна
да и се јавам на Марија
„Здраво девојче, што правиш?“
„еве чекам еден дечко да ме собере
па ќе идеме на лесковачка“
„лесковачка?.. ај не биди сељанка
дојди кај мене ќе ти спремам морски плодови“
„од кај знаеш ти тоа да спремаш?“
„ех, научив… на интернет курс“
„ме заебаваш?“
„не ма, сериозен сум,
имам школки, октопод, лигњи, трудни шкампи
ти само леб купи“
„хаха колку си ретардиран значи, кај се јаде
тоа со леб??.. треба нешто тестенини и сл.
јади си ги сам и не ми се јавувај“
„ок, кој те ебе, умри од таа лесковачката“
-и демонстративно и затворив телефон
Ја мирисам морскава храна, ај што мириса на море
него ми мириса и на спреј за уста ,
иститот што го користи Весна од 7-ми спрат!?
Тоа го знам сигурно, еднаш се залапав по грешка со неа
Значи она сака морска храна, логично заклучувам,
ај на неа ќе и се јавам,
ваљда нема да познае дека е истата што ја повратила.
Башка мислам дека нема дечко, живее со баба и’
и една албино црна мачка
„Ало Весна, се мислев нешто…. а не ма, не ти се пуштам
не ма, ти ветувам ….. него направив морска храна
па ако сакаш случајно да дојдеш на ручек,
многу е за еден човек,….. а ок,
тогаш те чекам да завршиш со обврските, во 5“
– падна договор
Ева ја ѕвони, точно на време
Убаво ги загреав тие морски животињи
во микро и сега мераклиски си ги јадеме
пиеме вино и пиво, јас и малце ракија
па откако фино се запивме си мислам
„нема врска што и’ ветив, сега ќе и’ се пуштам’
Таман пред да ја пољубам ми вика:
„чекај секунда да се прснам со спрејот“
Се испрска да си го освежи здивот ама нешто чудно
ми се виде, како да не е истиот спреј?
„еј си го сменила спрејот за уста, не мирисаше овака?’
„а да, тој и’ го дадов на баба ми, она го користи“
„баба ти????“
„да..ама остај не ми се збори за неа“
„зошто?“
„па сабајлево додека бев на работа и’ се слошило,
изгледа имала тровање со храна
и ја однеле со Брза Помош, уште е во кома,
таму бев кога ми се јави “
„а што јадела?“
„замисли коинциденција.. и она јадела морска храна“
Оу не, сме наебале, да и кажам или не?
Ај ќе си ќутам, ако и’ кажам нема да ми „даде“
Ама за секој случај ми текна да се јавам:
„добар ден, Брза Помош? … ако може да нарачам 2 коли …..“
Посетено 2.348 пати