ИНТЕРВЈУ: Васко Лонѕа Матевски „Животот ти дава друга шанса – се вика утре“

michan-double
Васко Лонѕа Матевски – претставник на урбаната култура на некогашно Скопје, на градот кој, како што вели самиот, во минатото беше преполн со среќни луѓе кои знаеја како да живеат. Личност преполна со искуство и неколку животи зад себе, за кои никогаш нема доволно време да се раскажат, а камоли да се доживеат. 
Васе Лонѕа во ексклузивно интервју за Hybread.mk зборува за себе, за животот во Скопје некогаш, за времето кога беа одржувани првите ревии и забави што никој не може да ги заборави, за времето кое го поминува на Хвар и за неговиот живот денес во Париз каде слика и ја живее својата уметност во целост…
skechers-text
Да го почнеме разговорот со следното прашање – Вашето презиме е Матевски… Како настана Лонѕа, има ли некое посебно значење псевдонимот по кој сите Ве препознаваат?
Матевски доаѓа од прадедото Мате, така се давале презимињата во тие времиња, додека Лонѕа е постарото презиме што во превод од еврејски (или Лонџа на турски) значи пајтон. Ова и беше заштитниот знак на Лонѕа. Дедото имал такси пајтони во Стара чаршија во Скопје, па и старите еснафи го паметат по името Лонѕа.
Вие сте човекот кој го држеше легендарниот бутик „Лонѕа“ во Капан ан. Нема скопјанец кој не слушнал за него. Како беше да се работи во време кога луѓето почнаа модно да се освестуваат?
„Лонѕа“ претставува години на мода, создавање сопствена креација, многу енергија, ентузијазам да се создаде препознатлив бренд во целата тогашна Југославија. Ова беше бренд кој со години беше присутен со сите големи градови во земјата, а имавме и извоз во Солун и Софија, организиравме многу успешни ревии. „Лонѕа“ беше институција, пример за многумина да почнат сопствен чесен бизнис. Во успесите што ги постигнавме можам да ги вбројам првите стон вош фармерки, првите кожени јакни, првите големи ревии, првите Лонѕа журки, првото локално кафуле во кое се правеа рандеву средби.
dupleks1
Вашата најголема ревија беше доживеана како настан за сите сетила, професионалност во секоја смисла на зборот. Колкав тим работеше на тој настан?
Ревијата се одржа 1993 година на Велигден, во МНТ, а со директен пренос на МТВ. Имаше 1500 гости во публика и околу 300 учесници во хепенингот кој траеше два часа. Ја подготвувавме цел месец – сите модели беа креација и производство на „Лонѕа“. Ова беше музичка театарска претстава, патешествие од ’30-те до ’80-те години на модата. Поентата беше да се разбие тоталитаризмот во модата, претставувајќи ја модата во шест изгледи поврзани во приказната со времето, прохибицијата, долгите капути и дворедните костуми, нацизмот, кожените SS мантили, воените руски кошули со руски јаки, американските кожени јакни и бели шалови, комунизмот и работничките костуми, па блокадата на модата. И така до холивудскиот гламур со долги фустани и смокинг костуми, појавата на рокенролот и моторџиските кожени тесни панталони и јакни, преку децата на цвеќето и слободата на шаренилото во облекувањето. Сите момци и девојки одлично си ја завршија работата. Со голема љубов направивме нешто многу убаво за нашиот град и држава.
duplek2-londza
Манекенките и манекените од тоа време за Вас ќе кажат дека Вие сте биле пред Вашето време – модерен и отворен за соработка која ќе придонесе за подобра реализација на секој проект. Какви коментари добивавте, со какви критики се соочувавте?
Ревиите во тоа време ги правев да побегнам од шаблонот на досадните „шпартања“ по писта. Имавме приказна во секоја ревија, движење со стил на манекенките и манекените, па ги вклучив и балетаните кои имаа почит кон моделите што ги носеа. Гледајќи ги денес ревиите на „Викторија Сикрет“, тоа беше Лонѕа пред 25 години.
Коментарите беа прекрасни, а најмногу ме радуваа оние од големите македонски режисери, нивните честитки за добро поставената претстава, посебно на таа огромна сцена на МНТ, со екипа која е аматерска за такви претстави, ама луѓе кои дадоа сė од себе за да помине супер. Со таа ревија заврши еден убав перид од Лонѕа модата.
Какви емоции Ви будат сеќавањата за тоа време?
Секој период од животот носи свои убавини. Повеќето не знаат како изгледа земјата на убавина и среќа по којашто мечтеат и трчаат. Најчесто не ја ни забележуваат среќата бидејќи секој размислува по свое. Периодот на моето живеење во Македонија беше време на љубов, морал, етика, почитување, дружење и не беше битно кој си и од кај си. Македонија е мојата земја. Роден сум во Скопје. Со задоволство се присетувам на убавата младост, на Корзо, Кермес, Ванила, Скопската чаршија, убавите локали, дискотеки, на модата и бутиците, на прекрасните девојки и момци полни со елан и љубов кон животот. Тоа беше моето Скопје, град кој останува во сеќавањата.
[quote align=”center” color=”#999999″]Затворањето на некоја врата не е заради гордост,
неспособност, ароганција…[/quote]

15129976_1252436674827744_138763905_n

Живеете надвор од Македонија долги години, а Вашата дестинација во моментов е Париз. Зошто се одлучивте за овој град?
Париз е град на мојата младост, град на љубовта, град на уметноста. Париз нуди многу. Големата животна школа на Montmartre Place du Tertre ме донесе повторно во градот на уметноста и љубовта кон сè што е убаво. Градот нуди динамика која не ти дозволува да остариш, тоа е град каде што не постои националност и религија. Интернационален град, а сепак сите зборуваат на еден јазик.
Велат дека уметниците дишат со полни гради во овој град. Дали е навистина така?
Така е, тука уметноста ја вдишуваш со полни гради. Монмартр е единственото место во светот со повеќе од 300 уметници од сите националности… Место коешто годишно го посетуваат од 12 до 15 милиони туристи од сите страни на светот. Тоа е неверојатна енергија која се разменува меѓу туристите, сликарите, локалците. Креативен бастион на уметноста. Задоволство е да работиш на вакво место.
Кои се Вашите ритуали за убав ден?
Смеј се, насмевката може да го осветли и најтемниот ден, да направи животот да биде уште поубав. Потоа ти останува да се опуштиш и да уживаш во денот бидејќи и тој ќе помине и нема да се врати. Животот ти дава друга шанса – се вика утре.
Во кој дел од Париз сакате да го поминувате слободното време, како изгледа тоа?
Слободното време го поминувам шетајќи по Париз, бидејќи нуди многу случувања секој ден. Многу убави настани, музика, уметност, забава, зависи кого што го интересира. Лично, ме релаксира посетата на латинскиот кварт, убавиот кеј на реката Сена, Сен Мишел, Сен Жермен… убаво место за сите задоволства.
duplek3-londza
Кажете ни нешто повеќе за боемскиот живот во Париз?
Боемскиот живот е убав. Париз е прескап, ама прекрасен. Пешачењето во градот, утринското кафе на Монмартр со малите масички, погледот на сликарските штафелаи со спектар на сите стилови и правци, колаж од слики… креација на секој метар. Убавина!
Што правите кога не сликате, како Ви поминува времето?
Го живеам Париз.
Дали човек може да се заљуби во градот на светлината на прв поглед или истиот мора да се доживее?
Иако живеам во Париз, секој ден се заљубувам час во него, час во некоја девојка.
Како го опишувате Скопје на луѓето кои ги запознавате таму?
Татко ми еднаш ми кажа: „Каде и да живееш и со кого домот да го делиш, биди свесен дека не се разликуваш од другите луѓе. Луѓето ќе фрлаат камења на твојот пат, дали тоа ќе биде мост или ѕид, тоа е твој избор… Разбуди се, човеку, ова е твојот град, твојата улица, твојот дом, твојот живот“.

15129798_1252729204798491_1423089727_n

Сепак, голем дел од годината го минувате во Хрватска… Што Ве влече таму?
Еден од најубавите острови на Јадранот е Хвар, остров со прекрасна природа, чисто море, борова шума, измешана култура, стари камени градби… убавина за душа. И добри луѓе, мирољубиви. Ако те прифатат еднаш, нивен си засекогаш. Хвар е мојата летна дестинација и секоја година, повеќе од 30 години уживам таму, по четири-пет месеци. Тука има многу инспирација за сликање. И нема дом или апартман овде кој нема моја слика. Тоа е местото каде што собирам многу енергија, која потоа ја носам во Париз.
15175489_1252729201465158_321217350_n
Дали сте носталгичен кон Скопје? Ќе се вратите ли назад некогаш?
Мислам дека Скопје денес е полно со злоба, негативност, неморал, без етика, почитување. Да го живееш животот во страв, без каква било гаранција за подобро утре, за нормален живот… Не знам дали е тоа носталгија. Нормално, ќе се вратам во Скопје, тоа е мој град. Таму ми остана сè, семејството, мојата ќерка, пријателите. Ми останаа и години на љубов и убави нешта. И какво сака нека биде, кога ќе дојдам ќе се правам наудрен дека ништо не се сменило. Иако, веќе го нема тоа што го посакувам. Сега ми треба поголемо пристаниште. А Париз е токму тоа, град со многу можности за движење и размислување.
15175590_1252718801466198_788220286_n
Тешко ли беше да се напушти местото на живеење?
Војната и распаѓањето на земјата доведоа до крај на едно креативно време. Веќе немав сила да чекам некои подобри времиња… мислам дека не ни дојдоа. Целата енергија ја пренасочив кон уметноста, иако во дизајнот го достигнав врвот. Повторно останав во креацијата, иако поинаква, без многу амбиции. И така ќе биде до пензија. Полека и боемски.
Што е поразлично во моментов?
Години се сė повеќе, пријатели помалку. Да се бориш со себе, со своите стравови, тоа е најубавата победа што можеш да ја извојуваш во животот. Кој не ја тресел кесата од правосмукалката не знае што се 50 нијанси сиво.

[quote align=”center” color=”#999999″]Ако никој жив не може да ти каже до каде допира твојата земја и твоето наследство, побарај коски и гробови,
а мртвите ќе ти ја кажат вистината.

Човек гледал деца како на брегот прават кула од песок.
Кога ја завршиле замислената кула за која потрошиле многу време и трпение, голем бран ја срамнил кулата со плажата. Човекот очекувал солзи и бес. Децата седнале, се фатиле за раце и почнале да се смеат. Наскоро почнале да градат нова кула.
Си рекол на самиот себе: Од децата научив многу важна животна лекција. Сите работи во нашиот живот кои ги создаваме долго време и со многу енергија се создадени од песок. Трајни се само нашите односи со луѓето. Порано
или подоцна бран ќе го однесе тоа што сме го граделе
со толкав труд. Кога ќе се случи тоа, ќе можат да се
смеат само оние што ќе имаат со кого да се држат за раце.“[/quote]

Што им советувате на пријателите, на луѓето околу вас?
Животот е само миг – миг кој ни припаѓа нам. Уживајте во овој миг додека трае. Не дозволувајте што било да ве запре да ја работите работа во која уживате. Живејте сега. Бидете среќни, затоа што само тоа е важно. Материјалните работи и сето за што сте се бореле во животот остануваат зад вас. Ништо нема да земете со себе. Затоа живејте го секој миг.
Што мислите, зошто му е на човекот тешко да простува?
Тешко ни е да простуваме затоа што сме ранети со неправда, а таа ранетост во човекот се буни против оној што му нанел болка. Сакаме и тие да почувствуваат дел од болката што ја носиме ние бидејќи сметаме дека тогаш ќе ни биде полесно. Друга причина заради која ни е тешко да простуваме е тоа што простувањето ни делува како слабост, како попуштање пред посилниот. Простувањето не мора да значи помирување со личноста што ве повредила, ниту одобрување на тоа што го направила, ниту да се заборави на чинот на повредување. Целта е да се постигне душевен мир. Ако простувањето го сфатиме како дар на личноста што нè повредила, тогаш со самиот чин на простување го примаме дарот на олеснување и душевен мир. Решете се за добро во животот, научете да барате љубов, убавина и добрина околу вас. Простувањето е процес, не еднократен чин. Простувам не затоа што заслужуваш проштевање, туку затоа што јас заслужувам мир.
Кое е Вашето животно мото?
Го изгубивме системот на вредности и премногу внимание обрнуваме на некои маргинални работи, воглавно материјални. На оние вистински вредности ме потсети еден мудрец. Се работи за Лазар Прељиќ од Голија кој има 89 години. На прашањето што е заедничко за сите луѓе на светот, овој старец вели:
„Тоа што детството им е здодевно, брзаат да пораснат, а потоа би сакале да бидат деца; го трошат здравјето за да стекнат пари, а потоа ги трошат парите за да го вратат здравјето; што живеат како никогаш да нема да умрат, а потоа умираат како никогаш да не живееле“.
Затоа велам, помири се со минатото за да не ти се уништи иднината, за да останеш оптимист. Кога ќе паднеш по скали, стани, крени ја главата и кажи си: колку брзо се симнав. Голтај смело и чекори храбро. Прегрни го животот – каков и да е, твој е!

……Извор
hybread-logo-300x91

Посетено 5.608 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!