Иницијатива наречена „вежбањето е лек“
Создадена нова иницијатива помеѓу медицинските и фитнес професионалците со цел да се зголемат можностите на пациентите да вежбаат под искусен надзор надополнет со извештаи што ќе бидат праќани на увид на лекар
[dropcap]И[/dropcap]ницијативата „Вежбањето е лек“ (Exercise Is Medicine Initiative), соработува со организации што претставуваат 50% од фитнес професионалците од САД. Оваа иницијатива беше започната во 2007 година од страна на Американскиот колеџ за спортска медицина, со првична замисла – обезбедување на медицинските работници со ресурси што им се потребни за помош на нивните пациенти, со цел да се одржат на вистинскиот пат.
Многу пациенти успеале да ја преземат контролата врз својот живот со помош на моќта на вежбањето, заштитувајќи се од сериозни здравствени проблеми, како висок крвен притисок или пак, ноќна апнеја. Таква е приказната на Кеси Барнс (Kassie Barnes), која не само што успеала да се излечи од одредени заболувања, туку и ослабела над 36 килограми. Сепак, нејзината примарна цел не била намалување на телесната тежина, туку здравјето.
Она што вежбањето го нуди во смисла на сила и енергија – не можете да го најдете во апче.