Гемиус е избран за официјален мерач на интернет сообраќајот во Белгија и Луксембург

gemiusГемиус стана официјалниот мерач и истражувач на интернет публиката во Белгија и Луксембург. Белгија, која што има интернет пенетрација од 75%, и Луксембург каде преку 80% од населението користи интернет на дневна база, сега се официјално 35-та и 36-та земја каде што Гемиус ги спроведува своите истражувања на интернет публиката (gemiusAudience). Соработката почна од 1-ви Април и ќе се спроведува во наредните две години, со можност за продолжување. Centre d’Information sur les Médias (CIM), и мешовитиот индустриски комитет на Белгија, го избраа новиот истражувачки партнер без тендерски процес.

Стеф Петерс, Претседател на CIM изјави:

  • “Го поздравуваме нашето ново партнерство со посветени интернет експерти како Гемиус. Со задоволство гледаме на следниот период за соработка и изнаоѓање на прагматични истражувачки решенија во брзиот развој на интернетот.”
  • “CIM одлучија да ги користат нашите услуги поради тоа што имаме добар имиџ и уживаме голема доверба од другите Европски индустриски комитети. Тие ги препознаа нашите конкурентски предности и фактот дека доставуваме решенија по мерка на клиентот, кои можат да се приспособат на специфичните локални потреби на самиот клиент. Понатаму, нашиот бренд е гаранцијата за добра и успешна методологија и инфраструктура.” – вели Пиотр Ејдис, претседател на Гемиус.

Белгискиот CIM, е формиран во 1971 и е активен во сите медиумски полиња на локалниот пазар: телевизија, радио, печатени медиуми, билборди, филмови и интернет. Како непрофитна организација, ги објавува сите релевантни податоци од интерес на медиумите во Белгија. Во неа членуваат сите поголеми двигатели на пазарот, главно огласувачи, маркетинг агенции, медиумски центри и медиуми.

Гемиус спроведува интернационални интернет истражувања со кои што го истражува бројот и демографскиот профил на интернет корисниците и начинот на кој тие го користат интернетот, аудио и видео содржините и мобилните апликации. Истражувањата се вршат со помош на хибридната методологија на Гемиус, која е во согласност со ICC/ESOMAR интернационалниот кодекс на однесување.

Посетено 200 пати