Лионел Меси отвори современ ресторан во Барселона
“El Bellavista del Jardin del Norte”
Еден од најпознатите фудбалери во светот посака да се обиде во претприемаштвото така што неодамна отвори модерен ресторан
кој ќе го води со неговото семејство…
Голем број на врвни спортисти, за време или по завршување на кариерата, одлучуваат да ги инвестираат своите пари во бизнис проекти со кои во иднина ќе бидат во можност да се занимаваат со таа дејност. Последен во низата е одличниот фудбалер Лионел Меси, еден од најталентираните спортисти на сите времиња. Во непосредна близина на центарот на Барселона, Меси го отвори ресторанот наречен ”“El Bellavista del Jardin del Norte”. Ресторанот е уреден во современ стил а целната група на муштерии е далеку од ексклузивна. Всушност, самата декорацијата асоцира на релаксирана атмосфера, каде што сите се чувствуваат добредојдени, а целиот концепт треба да биде еден вид на почит спрема родното место на семејството Меси. Менито носи некои од омилените јадења на Лионел Меси (како Milanesa Napolitana a Caballo), како и широк избор на пива, а цените се многу поволни. Иако фудбалот, како таков не е во фокусот на овој објект, од време на време ќе може да се гледаат натпревари на големите екрани кои се рспоредени во сите простории.
Посетено 447 пати