Ема Стоун, Натали Портман, Метју Меконахи и други ја пеат “I Will Survive”

Во “чест” на Трамповата инаугурацијата
W Magazine  објави забавно видео во кое холивудските ѕвезди
во  “чест” на инаугурација  на Доналд Трамп
ја пеат песната “I Will Survive”
Речиси 40 години, песната на Глорија Гејнор  “I Will Survive” се смета за химна на оптимизам само поради тоа што ја носи пораката за она што се случило на нашиот пат, без оглед колку комплексно и да е, сите на крајот ќе преживееме некако. Затоа W Magazine ја икористи песната за да му испрати порака на Доналд Трамп во пресрет на неговата инаугурација која ќе се одржи на 20. јануари. Тие ги замолиле холивудските ѕвезди да истпеат или изрецитираат стихови од песната со кои заедно ќе му порачаат на Трамп дека ќе го преживеат неговото претседателствување. Во видеото се појавуваат некои од најпознатите глумици и глумци, како што се Ема Стоун, Ејми Адамс, Натали Портман, Мишел Вилијамс, Ендрју Гарфилд, Метју Меконахи, Дакота Фенинг и други, а како ја испеаа песната може да погледнете во видеото.  

baner-igor-forza

Посетено 705 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!