Елитниот Хотел Zürserhof Е Добро Чувана Австриска Тајна
Се наоѓа на само неколку минути пешачење од светскиот скијачки центар Zürs
Хотелот Zürserhof ужива во традицијата на австриското гостопримство
кое ги мами странските туристи во овој прекрасен дел од Европа
повеќе од еден век, кај некои гости довербата кон него трае
повеќе од 20 години
Веднаш до падините на популарната австриска ски област Arlberg , во малото место Zürs, инаку хотелски комплекс, кој благодарение на ски-центрите во зима е преполно со живот, сместен е прекрасниот Zürserhof, хотел со пет ѕвездички, кој освен стандардното сместување нуди голем спа центар, гурмански ресторан и подземен паркинг.
Хотелот располага со 96 соби и апартмани уредени во традиционален алпски стил, а пространите соби освен што нудат зачудувачки погледи на околните планини, ќе ви понуди услуги на личен батлер кој ќе ги задоволи сите ваши потреби.
Хотелот може да се пофали со простран спа центар од 3200 квадратни метри кој се состои од 10 соби за wellness и различни третмани за убавина, сауни кои се протегаат на 350 метри квадратни, спа област наменети само за дами, и просторија со жешка купка со прекрасни панорамски поглед. Во понудата на спа центарот е исто така вклучена и посебна соба за релаксација со отворено огниште, бистро и spa shop, а постојат и посебни третмани наменети само за млади и деца.
Ресторанот ќе ви посака добредојде со традиционалните австриски специјалитети и специјално осмислени тематски вечери, за секојдневното уживање во добро расположение се грижи музика во живо во longe bar-от.
Посетено 671 пати