Џабе и да се ставам на диета, никогаш нема да бидам со неа

  „сакам да бидам цвеќарка и да живеам на месечината“
[fblike]
Во мојата зграда живееше едно девојче,
по цели денови си играше пред влез
и на сите ни беше омилена, секогаш не’ поздравуваше
и најслатко на свет ќе се насмееше
кога поминувавме покрај неа.
„што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш“
-ја прашав во една прилика
„сакам да бидам цвеќарка и да живеам на месечината“
-брзо ми одговори
„а зошто баш на месечината?“
„за да не морам навечер да си легнувам“
„хмм, не ми е баш јасно ама ај, се надевам
дека ќе ти се исполни желбата“
Ама еден ден ја снема, слушнав се преселиле и
и во годините што поминаа сосема заборавив
на неа, се до денес
Пред да си легнам како и обично
ја пушам последната цигара на балкон
и си го спремам мозокот за спиење
Оваа вечер е нешто чудно,
осеќам некој нежен допир по глава
ама не реагирам, мислам сетила ми се изместиле
од потреба за сон.
Повторно го осеќам истиот допир само
малку поинтензивен, како да ме гали некој
Ги подигам очите и здогледувам нежно-бела
женска дланка и со поглед ја пратам раката,
иде високо на небо… уште повисоко, највисоко
и завршува во месечината.
Си ги тријам очите и приметувам дека во неа
има сместено женски лик кој топло ме гледа
„здраво зоки“- ми се обраќа девојката
„здраво“..се знаеме?
„Да, јас сум девојчето од твоја зграда
што сакаше да биде цвеќарка и да живее
на месечината“
„Еј, стварно си ти?.. многу си пораснала
и тоа во преубава девојка“
„Фала, таа сум, 15 год. поминаа од тогаш“
„И како си, гледам ти се исполни дел од желбата
а стана цвеќарка или нешто друго?“
„Хаха не сум цвеќарка, никој не живее тука
за да продавам цвеќиња“
„Никој?…нема Марсовци или слични зеленкасти типови?“
„Ех, тоа се приказни за мали деца,
моментално има само 2 изгубени души, не можат
да си ги пронајдат ѕвездите на кои треба да идат
откако им умреа телата“
„А што работиш?“
„Ништо, ве гледам што правите вие со земјата
и жал ми е тоа што го гледам.“
„во право си, партал ја напраивме,
се понашаме како да имаме резервна.
А сакаш да се симнеш, уште малце ќе се раздени,
ќе пиеме кафе и ќе прошетаме низ град,
колку да се потсетиш“
„не можам да се симнам, би ме спржило сонцето
а и да можам нема поента,
ништо не останало од мојот град, само би се нервирала
од неговиот чуден изглед и упропастена душа“
„хмм, во право си, тогаш јас би сакал да дојдам горе,
сакам да бидеме заедно само не знам како?“
„седни на мојава дланка и ќе пробам да те качам“
Седнав, проба ама ме испушти, претежок сум.
Пробува уште неколку пати, џабе.
Тажно се гледаме,
знаеме дека ништо нема да биде од нас,
дури и да се ставам на сите можни диети истовремено
ќе и’ бидам претежок
ама тоа не ме спречува секоја вечер
да излегувам на балкон и да си
муабетам со девојкава
која никогаш нема да биде моја.
Посетено 2.648 пати