Д-р Неле Карајлиќ, – гостин на „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2017
Специјален гостин на Скопскиот саем на книгата е екс-ју легендата д-р Неле Карајлиќ. Тој ќе гостува во среда, на 5 април, во Промотивниот центар, со почеток од 18 часот, по повод промоцијата на неговата автобиографија „Фајронт во Сараево“ на македонски јазик, преведена од Снежана Ивановиќ Христовска и Сашо Христовски.
Во својата автобиографија „Фајронт во Сараево“ д-р Неле Карајлиќ, ѕвездата на „Забрането пушење“ и на „Топ-листа на надреалистите“, се открива како еден од најскапоцените инсајдери на митските југословенски приказни.
[fblike]
Тој патува во спомените испреплетени со сегашноста и пред читателите се открива како сонувач, жртва, визионер и вечен извор на идеи. Влијанието на „Забрането пушење“ во тогашниот југословенски и постјугословенски контекст е огромно и во оваа приказна добиваме една поинаква перспектива на историјата на рокенролот. Искрено, топло и емотивно, со неодоливата доза на хумор по која тој е толку познат, д-р Неле Карајлиќ, зборува за тоа како почна и како заврши сè.
Посетено 386 пати