Дојди до кујната нешто да ми помогнеш

kiril-stoimenov-profil lev_majkatiiitatkotiДали сте вие нормални? Мислам стварно дали сте нормални?

Дали има нешто поклише и поизлитено во историјата на таа ваша америчка кинематографија? Едно те исто: кружна маса, недојадена крофна, мебел, лустер, тостер, семејство, млад дечко-јебач на ќерката на гости, ќерката мажуретка он рагбист, таткото банкар – конзервативец со црвсти ставови, па прашање од типот: ‘И дечко со што се ти бавиш освен со примитивно фрлање на крива топка и триење од туѓи истпотени машки тела’, и кога тензичноста на ситуацијата достигнува точка на вриење следува легендарното:

– Џон, дојди до кујната нешто да ми помогнеш!!!

Шо има тука Џон да помага бе, нит е мајстор, нит е физикалец да преместува шпорети и фрижидери. Па нема ли некој да пише у тоа сценарио:
‘Џон, говедно едно брдско, доаѓај у кујна одма, пушти децата нека се мрестат’ или ‘Џон, вади ми го овој мајмун од куќата’.

Џабе ви се милионски буџети, никогаш нема да имате дијалог како овој од легендарниот ‘Самоуништување‘:

-Што те тера овој сурушот да миеш коли?
-Сама сакав!!!
-Вилма учи за багеристка.
-Ааааа, убав занает, многу убав.

Артистички максимум остварен со минимални средства. Фаќајте прибелешки!!!

 

 

Посетено 1.712 пати

Dr. Stone (https://crunchyrollfree.com/m/po78) Episode 24 at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll premium sign up

By the Grace of the Gods (Dub) Episode 12 at website https://funimationfree.com funimation dbz