Денес бил Денот на Менструацијата, bitch please!

Ја одамна го прославив, т.е. го опишав како почеток на мојата нова книга… Па, како може поинаку?

Мислам не можев да одберам подобар почеток од тој… Па ѕирнете како е да е да си ми во кожа тој ден…

– Извадок од римејкот на Марла (Моето име е Марла)

16-ти септември

Да биде класично? Станав, се замив лице, измив заби и отидов до кујна да јадам како и секое утро? Или пак клише од типот на: Убав ден. Детскиот џагор се слуша под мојот прозорец, децата заминуваат во училиште со насмевка и песна, тивок сончев зрак влегува во мојата одаја и ми го гали лиценцето кое само не пукнало од радост што ќе се сретне со другото лице, лицето на денот… Ма, дајј…

Не, нема така да почнам… Затоа што утрово ми е хаос. Отидов до тоалет и што да видам, тетката со црвен мерцедес ми дошла на гости, па како и секој пат ќе ми седи скоро недела дена. Хаос, жив хаос. Гледам дека немам влошки, ох не… И тука настанува борба со мрзеливоста и болката, искушението да отидам ваква во продавница или пак да ја намолам мајка ми… Ох, бе… Зошто сум жена? Секогаш си го поставувам ова прашање дур пцујам до трето колено и се превртувам во креветот од болка… Добро сега, понекогаш теткава е благодат… АМА, САМО ПОНЕКОГАШ!!

„Мама, знаеш дека те сакам најмногу на целиот свет и дека и животот би го дала за тебе, само за да бидеш среќна и исполнета…

„Што треба?“

„Оф, бе… Знаеш ми има дојдено, па…“

„Треба да се видам со Елизабет за половина час, хмм…“

„ТЕЕ МОООЛААММММ! Ќе ти го памтам ова доживоооотнооооо!“

„Аха, до наредниот пат…“

„ТЕЕЕ МОООЛААММ!!“

„Добро, ајде сега ќе претрчам да ти купам. Вечер очекувам фрапе од тебе на маса. Во ред?. Само немој да биде пак да биде како минатиот месец, па џабе да го чекам, се надевам дека овој пат ќе се случи.. Искрено се надевам…“

„Мамоооо…“

„Одаммм! Само кажав!!“

Мајка. Незаменлив дел од мојот живот. Сега кога Меган ја нема, таа ми е три во едно. И сестра и мајка и другарка. Како оние нес-кафињана е… А, нив најмногу ги обожавам. И навистина, сè на светот би дала само да е среќна… Па, за кого ако не за неа? Таа ме донела на крајот на краиштата на овој свет… Оф, бе… Станав и патетична ради циклусов… Ама, МАМО ТЕ САКАМ!

Мајка ми се врати по 10-тина минути. Ги остави на маса и замина. Притоа насмевнувајќи ми се во стил: Не очекувам да го направиш фрапето што ти го нарачав, а и не ни мора затоа што знаеш дека преферирам само топло млеко навечер пред да си легнам…

Да, совршено ја познавам. И ги знам сите маани и доблести. А, и таа моите. Ете, тоа е онаа бескомпромисна љубов која е полна со почит и разбирање. Да беа сите љубови такви, светот ќе беше прекрасно место за живеење… Ама од друга страна, пак.. Немаше да биде исто, нели? Љубовта кон мајката е една и единствена, кон таткото исто… Секоја љубов е посебна на свој начин… Ахх, љубов…

МАРЛА, ОКЕЈ СМИРИ СЕ… НАПИ СЕ ЕДНА ТАБЛЕТА ЗА СМИРУВАЊЕ!!

Посетено 98 пати