Да знаеш дека ти си ја насмеал така слатко

Погледни ја кога ќе се насмее од срце, брат. Онака, да се закикоти од петици. И да знаеш дека ти си ја насмеал така слатко. Знаеш, на сите оние стресови што постојано ја јадат однатре како див ѕвер, тоа смеење ја лечи брат. И го продолжува животот. Она знае дека стресовите не и бегаат и утре и задутре, ама во живот ја одржува мислата дека кога животот ќе и натежне, дома ќе си дојде еден човек што знае како да и ги растера облаците. Што ќе го подметне грбот. Што ќе ја зграпчи силно со шепите и ќе ја прилепи до себе. Две измачени, ама не и очајни души ќе се спојат во една. И ќе ја штипне квалитетно, и ќе и шепне нешто безобразно на увце, иако можеби и на него денот му бил усран, ама сепак ќе најде една светла точка и од неа ќе развлече сонце. Ќе и раскаже виц и ќе се кикотат гласно. Дека, легендата вели – од гласното смеење се плашат и бегаат сеништата. Кој знае дали е така, ама ти сепак, насмеј ја брат. Дека секогаш ќе се најде некој да ја расплаче.

Посетено 11.644 пати