Бурекот треба да има свој државен празник – Игор Џамбазов


Извадок од „Прирачник за Анти-антиалкохоличари“

Бурекот и алкохолот се стратешки партнери.
Постојат луѓе кои сабајлечки одат на бурек за да може после мирно да си пијат. Си прават подлога.
А постојат и такви луѓе кои за подлога веќе имаат алкохол, па одат малку на бурек, од заебанција. Таков сум ти јас. Бурек, па алкохол.
Алкохол, па бурек.
Тоа е лајфстајл.
Тоа е културно-историска знаменитост.
Бурекот треба да има свој државен празник.
А нам ни е и така секој ден државен празник.

Посетено 858 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!