Брз колач со јаболка, рум и ореви
Еден од мирисите на есента е и тој на тазе печениот колач со јаболка и ореви. Идеален за тие кои сакаат колачи, а немаат многу време за нивна подготовка.
Состојки:
Јаболка – 4
Мелени ореви – 1 шолја
Шеќер – 1 шолја
Гриз – 1 шолја
Суво грозје – По вкус
Јајце – 1
Прашок за пециво – 1
Рум – 3 лажици
Млеко – 1 шолја
Масло – 1/2 шолја
За чоколадната глазура
Чоколадо за готвење – 100 гр.
Путер – 50 гр.
Шеќер – 6 лажици
Топла вода или млеко – 3 лажици
Инструкции:
Чекор 1:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Излупете ги јаболките и изрендајте ги во еден голем сад. Додајте ги оревите, гризот, шеќерот, сувото грозје, маслото, јајцата, млекото, прашокот за пециво и румот и добро измешајте.
Чекор 2:
Намрсете го со путер садот за печење и ставете малку брашно. Ставете ја смесата во него и печете половина час на 180 степени.
Чекор 3:
За чоколадната глазура доволно е да го стопите чоколадото за готвење и во него да додадете путер, шеќер и малку топла вода или млеко. Кога глазурата е готова само прелијте ја преку колачот.
Чекор 4:
Колачот исечете го на коцки и наросете го со шеќер во прав. Доколку сакате, можете и одозгора да го украсите со слој ореви и крем од карамела.
ПОВЕЌЕ РЕЦЕПТИ НА Jademe.mk.
Посетено 3.216 пати