Биди тука

Тој може
и дивите јагоди
да ги припитоми.
Да ја претвори
бурата во развигор,
шумолењата на брезите
во разговор.
Тој може и денот
да го запре,
за да го гледа подолго,
лицето твое.
Тој може и птиците
да ги натера
на месечина да пеат,
утратата со песна
да ти ги загреат.
Може да патува и лудува,
да гушка и полудува,
да бакнува и сака
да пее кога ќе посака.
Може да прави се што сака,
само кога си му при рака.
mondivi_baner_wide
Посетено 664 пати