Анџелина Џоли И Бред Пит Заедно Во Љубовна Драма

[fblike]
By the Sea

jolie-pitt-movie-pocetna

На интернет се појави трејлерот за новиот режисерски
проект на Анџелина Џоли “By the Sea” во кој Бред Пит
со својата сопруга ќе ја одигра главната улога

Филмот насловен “Oд страна на морето” е нов режисерски проект на Анџелина Џоли и прв во кој истовремено ќеја игра и главната улога во филмот. Покрај тоа, дополнителна занимливост е дека е во филмот ќе се приклучи нејзиниот сопруг Бред Пит. По неславното првенче “Во земјата на крвта и медот” и вториот “Недопирливите” критичарите, како и публиката, со голем интерес ја  чекаат премиерата на третиот филм на Анџелина што се одвива на Азурниот брег во 70-тите години и ја следи приказната на брачните другари кои на ова патување поминуваат низ брачната криза.
jolie-pitt-movie-01
Популарната холивудската двојка за прв пат по “Г-дин и г-ѓа Смит” од 2005 година се појавува заедно на екранот. Судејќи по трејлерот кој ќе го погледнете подолу, овој филм би можел да  ги воодушеви сите љубители на емоционалната романтична драма и естетиката на 70-тите. “Од страна на морето” ќе биде прикажан во кината ширум светот во ноември годинава.

jolie-pitt-movie-02

jolie-pitt-movie-03

[youtube height=”HEIGHT” width=”WIDTH”]https://www.youtube.com/watch?v=mwjN4hCgi-0[/youtube]

Посетено 1.078 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!