Ајнштајн: „Што подалеку од негативните луѓе, тие имаат проблем за сè!“

Еден од најинтелигентните луѓе и научници на светот, секогаш имал прекрасни совети и ја пренесувал својата мудрост ширум светот.

Денес речиси да нема некој кој е жив а да не го слушнал името на Алберт Ајнштајн и кој не бил трогнат на овој или оној начин од неговите мудри зборови. Поради интензивната брилијантност и способности, често е повикуван своето мислење да го сподели на разноразни теми, кои се наоѓале во полето на науката и физиката.

Неговото цитати сè уште се релевантни денес како што биле и пред стотина години, а овде се наоѓаат неговите 20 најдобри цитати кои ќе ви помогнат да го ослободите генијот во себе.

„Погледнете длабоко во природата, и тогаш ќе разберете сè подобро.“

„Немојте да станете успешен човек, подобро обидете се да станете човек од вредност.“

„Образованието е она што ни останува откако сме заборавиле на она што сме го научиле во училиште.“

„Не можеме да ги решиме нашите проблеми со исто размислување кое сме го користеле кога сме ги создавале.“

„Животот е како возење со велосипед. За да би останале балансирани, мораме да се движиме.“

„Важна работа е да не престанеме да прашуваме. Љубопитноста има свои причини за постоењето.“

„Човек би требало да го бара она што е, а не она што мисли дека би требало да биде.“

„Држете се што подалеку од негативните луѓе тие имаат проблем за секое решение.“

„Логиката ќе ве води од А до Б. Фантазијата ќе ве носи насекаде.“

„Никогаш немојте да се откажете од она што навистина сакате да го направите. Личноста со големи соништа е помоќна од она оние со сите факти.“

„Слабите луѓе се осветуваат, силните простуваат, интелигентните игнорираат.“

„Бродот е секогаш сигурен на копно, но не е за тоа изграден.“

„Она што е исправно не е секогаш популарно, и она што е популарно не е секогаш исправно.“

„Образованието не е учење факти, тоа е тренирање на умот да размислува.“

„Фантазијата е поважна од знаењето.“

„Стравот од смртта е најнеправедниот од сите, затоа што нема ризик од несреќа за некого кој е мртов.“

„Во средината на потешкотијата лежи прилика.“

„На сите им се обраќам на ист начин, без разлика дали тоа е ѓубре од човек или претседател.“

„Постојат два начини да го живеете својот живот. Еден е да мислите дека ништо не е чудо. Второто е да мислите дека сè е чудо.“

„Благодарен сум на оние кои ми рекле НЕ. Поради нив, тоа го правам сам.“

Посетено 15.401 пати