7 март (Извадок од книгата „Приказни од Мјаукедонија“)

– Извадок од книгата „Приказни од Мјаукедонија“

7 март

Денес на гости ни дојде радовишкото друштво. Екипичката. Со нивна помош, барем за миг го почувствував здивот на моите бавчи од детството, и навистина ми беше убаво.

Идолот, Џамши, како и сопственикот на тетка Фимка, Цеца и Цаци, нашиот домаќин на бавчите, Гитаристот. Тие тројцата ме немаа видено неколку месеца и баш ми се израдуваа. Џамшии ме погали, онака радовишки.

Дека си мори Емилијо, другачке стара. Сеќаваш ли се на башчите наши радовишки? Имаш ногу поздрав од тетка ти Фимка, од Цецето и Цаци.

Ми го разубавија денот. И што е најважно, единствената точка на дневниот ред им бев јас. Пред одење, дефинитивно открија од која раса сум. Тробоен радовишки гепард.

Посетено 202 пати