5 Причини зошто треба да вежбате наутро

Неколку придобивки од вежбањето рано наутро

Утринското вежбање е вашиот синоним за двете најнеомилени активности – вежбање и утро? Штета, бидејќи вежбањето наутро има многу здравствени придобивки коишто не само што ќе ви го подобрат здравјето, туку и квалитетот на живот. Можеби организирањето на вежбање рано наутро не е едноставно, но сепак е остварливо. Од друга страна, не треба да ги жртвувате социјалните активности попладне во денот, (време кое што е најпопуларно за вежбање), бидејќи веќе сте завршиле со вежбањето пред да ви започнат обврските. Воедно, доколку вежбате наутро, помалку веројатно е дека ќе го прескокнувате планираниот тренинг. Постојат многу причини зошто е поволно да се вежба токму наутро, а овде ќе наброиме неколку.

5-prichini-zoshto-treba-da-vezhbate-nautro_image

Хормоните се на ваша страна

Нивото на тестостерон е повисоко наутро и претпладне, што значи дека наутро имате повеќе сила за вежбање.  Секако, важно е да немате хормонален дисбаланс и редовен и квалитетен сон.

Го намалува крвниот притисок и го подобрува спиењето

Едно истражување потврдува дека утринското вежбање позитивно влијае врз намалување на крвниот притисок и подобрување на квалитетот на спиење.

Побрзо ќе слабеете

Доколку вашата фитнес цел е да ослабете, тогаш утринските вежби се вашето решение за трајно губење на вишокот на килограми. Утринските вежби го будат метаболизмот, кој понатаму, во текот на целиот ден активно ќе работи на топењето на калории.

Попродуктивни на работното место

Утринското вежбање го подобрува фокусот за наредните активности во текот на денот, бидејќи телото и умот се активни. Станувањето порано ви дава контрола и полесно се организирате. Организирани, фокусирани и со енергија, ќе бидете многу попродуктивни, ќе размислувате појасно а со тоа и покреативно, бидејќи активниот одморен мозок продуцира креативност.

Ќе го намалите стресот

Постојат многу испитувања коишто докажале дека вежбањето значително го намалува стресот, без оглед во кој дел од денот вежбате. Сепак, утринското вежбање ќе ве исполни со енергија и вие ќе се чувствувате организирано. Кога ги имате нештата под контрола, стресот е помал и воопшто, ви овозможува да имате убав и исполнет ден.

Посетено 498 пати

Pharmanews.mk

Pharmanews.mk

Pharmanews.mk е портал кој обработува поширока тематика во доменот на медицина, фармација, исхрана и сл. и е наменет за широка публика која се интересира за своето здравје и исхрана со посебен фокус на медицинските работници.

AniWatch: Lucky☆Star: Original na Visual to Animation (Dub) anime episode Full - Fandub online free at https://aniwatch.pro aniwatch

ANIMEFLIX: Eagle Riders (2) anime episode 48 online free at https://animeflix.nl animeflix one punch man

AnimeBee Watch english anime Online in HD for FREE

Delpower X Bakuhatsu Miracle Genki! (https://twistmoe.net/m/rklq) Episode Full

Pastebin: https://pastebin.com/u/gogoanimelol

Recipes mentaframework: http://recipes.mentaframework.org/user/profile/148020.page