15 причини зошто пицата е проклето добра за вас

Кога станува збор за светот на кулинарските достигнувања, пицата секогаш се наоѓа пред тортата и пред питата. Веројатно, пицата е едно од посебните јадења кое има посебно место во скоро сечие гладно срце.

Да се запрашаме, што има да не се сака кај овие божествено вкусни триаголници?

Пицата е пример за совршена закуска. Комбинација од крцкава кора која е преплавена со пикантен сос и надополнета со планина од растопено моцарела сирење.

А да не зборуваме за бескрајната низа од додатоци од која можете да одбирате за да ја збогатите оваа закуска пратена од рајот.

Покрај вкусот, пицата е исто така релативно здрава храна, а да не спомнуваме дека е еден од најпрактичните оброци кој некогаш постоел на лицето на планетата Земја. Брзо, ефтино и достапно во било кое време од денот, или ноќта.

Плус тоа можете и да порачате некој да ви ја испорача до прагот на вашата врата, така што вие нема да морате да го прекинувате вашиот 6 часовен интернет маратон или пак да се подготвувате за да излезете во град кога ќе почувствувате глад.

А што има навистина подобро од тоа?

Ако некој ви каже дека не сака пица, веројатно треба да размислите за да го отстраните од вашиот круг на пријатели. Сериозно. Не ви треба таква негативност во животот.

Ако не сте на строга диета, еве неколку причини зошто да додадете неколку парчиња на вашиот живот:

1. Пицата може да помогне во борбата против ракот

Можеби е тешко да се поверува, но ако внесете неколку парчиња пица во вашиот режим на исхрана, тоа всушност може да ве заштити од одредени видови на рак.

Истражувањата покажаа дека луѓето кои јадат пица два пати во неделата имаат помали шанси за 59% да добијат рак на хранопроводот, 34% помали шанси да добијат рак на грлото и ги намалува шансите да добијат рак на дебелото црево за 26%.

2. Пицата е совршена храна за после пијанка

Пицата е светиот грал на рајската храна која ќе ја задоволи твојата глад после цела ноќ помината во друштво на алкохол.

Тестото ќе впие дел од алкохолот. Плус е брзо, ефтино и лесно за конзумација така што можете да изедете парче и по патот од барот до дома.

3. Пицата му помага на твоето тело да апсорбира повеќе ликопен

Не е тајна дека доматите содржат многу ликопен, антиоксиданс кој помага во спречувањето на срцевите заболувања и болести.

Конзумирањето на храна која е богата со ликопен и има мала количина на масти, како што е пицата, ќе направи вашето тело да го апсорбира овој антиоксиданс многу подобро. Затоа, порачајте со екстра сирење и домати.

4. Пицата никогаш нема да ви суди

Пицата ве видела и во најлошо светло и никогаш не ви префрлила за било што.

Оваа прекрасна закуска секогаш ви го чува грбот, без разлика дали после пијанка сте дошле дома од барот и сте изеле 5 парчиња или ве тешела откако сте раскинале со љубовта на вашиот живот.

5. Пицата е брза храна која е далеку подобра од останатите

Да бидеме искрени, после парче пица ќе се чувствувате помалку виновни отколку после хамбургер и помфрит.

6. Со јадењето пица можете да заштедите пари

Не само што е вкусна туку е и храна која можете да си ја дозволите. Ако живеете во Њу Јорк, без разлика на тоа каде и да се наоѓате никогаш не сте предалеку од местата каде можете да најдете парче пица за долар

7. Има пици за сите вкусови

Дали сакате обична пица, пица со феферони, со пилешко или со сланина… постојат бескрајно голем број на можности да порачате пица која ќе одговара на вашиот вкус.

Повеќето места каде се продава пица имаат посебни видови на пица кои се без глутен.

8. Пицата можете да ја конзумирате и во доцните часови

Додека поголем дел од храната се повлекува околу полноќ, на пицата не и претставува проблем да остане и до подоцна.

Без разлика дали сте сериозно гладни додека цела ноќ учите во читална или пак сте во потрага по храна тетеравејќи се од баровите кон домот, пицата е секогаш тука за да ја задоволи вашата потребата за вкусна закуска среде ноќ.

Плус тоа, пицата секогаш изгледа неодоливо убаво.

9. Пицата содржи протеини

Благодарение на сето растопено сирење, едно парче од пицата содржи 15 грама протеини, кои што пак не само што ви даваат енергија туку и му помагаат на вашето тело да ги потхранува клетките и да изгради силни мускули.

Па, ако напорно вежбате во теретана, неколку парчиња пица би биле совршен оброк.

10. На пицата не и е важно колку сте мрзливи

Пицата е најверојатно најдоброто нешто што им се случило на мрзливите луѓе. Вие не морате дури ниту да го напуштите вашиот дом за да дојдете до прекрасна голема пица.

Благодарение на сите оние посветени момчиња кои испорачуваат пица, се што треба да направите е да се јавите или да порачате преку интернет и за кратко време топла вкусна пица ќе ве чека пред вашата врата.

11. Пицата може да замени било кој оброк во денот

Бидете креативни со состојките и прилагодете ја вашата пица така што ќе биде соодветна за секој оброк, се освен ладна пица за појадок.

Само исипете неколку пржени јајца врз тестото и имате вкусна пица со која можете да го започнете утрото. Или пак можеби барате нешто слатко?

Намачкајте го тестото со Nutella и во вашите раце ќе имате прекрасна вкусна пица за десерт. Едноставно нели?

12. Внесувачте зеленчук преку пицата

Збогатете ја вашата пица со зеленчук, тоа е одличен начин да ја внесете потребната доза на витамини.

Плус, ако не сакате многу да јадете зеленчук, пицата може да ви биде вкусна маска која ќе го прекрие оној грозен зеленчук. Брокулата изгледа многу попривлечно кога оди во комбинација со растопено сирење, сос и крцкава кора

13. ‘Дебелата’ пица е преполна со антиоксиданси

Покрај долгогодишната дебата за тенката и дебелата пица, истражувачите откриле дека пицата од Чикаго не е толку корисна во поглед на антиоксидансите, поради тоа што е тенка и подолго време се пече на висока температура. Па затоа навалете на пицата која е подебела

14. Пицата одговара за секоја пригода

Пицата е една од ретките храни кои можат да се прилагодат да одговараат на секоја околност.

Ако се чувствувате фенси, одлучете се за пица која е збогатена со мајсторски вкусни додатоци и се служи во луксузни ресторани.

Ако пак брзате некаде, грабнете едно парче, кое чини само долар, од најблиското место и удобно сместете се на тротоарот. И во двата случаеви е неверојатно вкусна.

15. Пицата отсекогаш била вашиот најдобар пријател

Пицата секогаш е до вас, кога и да ви е потребен пријател, од училишните денови во кафетеријата до доцните ноќни излегувања за време на колеџот.

Плус тоа, нејзината лојалност е неспоредлива. Можете да бидете сигурни дека пицата никогаш нема да шири гласини за вас, да ви го украде момчете или да ве означи на грозните слики на Facebook.

И како што се вели- луѓето ве разочаруваат, но пицата е вечна!

Посетено 2.228 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!