10 Фасцинантни факти за животот на Елтон Џон
“Големо нешто за рокенролот е дека некој како мене може да биде ѕвезда”.
Елтон Џон е една од најголемите музички легенди на сите времиња, sвезда која има продадено повеќе од 300 милиони плочи во текот на пет-децениската кариера.
Тој, истотака, се стекна со репутација како еден од досега најголемите светски изведувачи во живо, настапувајќи на многу концерти низ целиот свет и турнеи. Еве 10 факти за неговите настапи во живо кои ќе мора да ги знаете:
- Во 1979 година, Елтон стана првата западна рок ѕвезда што настапи во Израел и СССР.
- Елтон има многу совети за турнеи, главен меѓу нив е дека “Многу важно е кога си на пат да имаш две тиари. Никогаш не знаеш кога ќе бидеш поканет на нешто навистина формално”.
- Меѓу многуте фази на срамниот аутфит на Елтон, е кога тој е облечен како Статуата на Слободата, Моцарт, Ајфеловата кула и Пајо Паторот. Тој, исто така, носи Ватфорд ФК комплет, безбол опрена, пердуви од ној, како и колекцијата од 5.000 очила на кои е напишано неговото име.
- Јамаха произведе пијано кое Елтон го користеше во живо, вклучувајќи го и познатиот Црвеното Пијано и Пијаното од Милион Долари. Следните карактеристични работи се повеќе од 68 LED видео екрани за кои беа потребни речиси четири години да се направат. Тие тежеа околу 1451 кг.
- Елтон имал турнеи неколку пати со Били Џоел. Но сепак, нема ривалство меѓу нив, со тоа што Елтон наведува дека “He is Mr Piano Man, I am Miss Piano Man.”
- Елтон се појави на концертот во чест на Фреди Меркјури, одржан на Вембли стадион во април 1992 година, изведувајќи ја “The Show Must Go On” со Роџер Тејлор, Џон Дикон и Брајан Меј, како и “Bohemian Rhapsody” со истите тројца, заедно со Аксел Роуз од “Guns N Roses”.
- Елтон исто така, ја изведе епската балада “November Rain” со “Guns N’ Roses” на 1992 “MTV Video Music Awards” на затворање на церемонијата.
- Елтон еднаш направи дует со Алан Партриџ: тие ја отпејаа “Don’t Go Breaking My Heart“ на доделувањето награди на британската комедија во 2000 година.
- Елтон пееше дует со Лејди Гага на Греми 2010, “Poker Face/Speechless & Your Song “
-
Тениската легенда Били Џин Кинг пееше придружен вокал во живо на “Philadelphia Freedom“ – песна напишана за неа – на двата распродадени концерти во “Dodger Stadium” во Лос Анџелес, во 1975 година.
Посетено 1.493 пати