10 изненадувачки детали за вселување во Белата Куќа
На 20-ти Јануари, новиот претседател ќе ја преземе Белата Куќа. Сите знаеме дека селењето е напорно, но како е да се вселите во најпознатата куќа во Америка? Прочитајте за да дознаете…
1. Вселувањето не може да започне се до пладне на денот на инаугурацијата
Избраниот претседател не може да се всели ниту една минута порано. “Не ни е дозволен пристап во Белата куќа до пладне на 20- ти јануари, па ние треба да работиме речиси од off site локација и да се организираме логистички таму, ” вели Bradley Blakeman, кој беше заменик асистент на претседателот George W. Bush и одговорен за планирање на секоја минута од неговото време- вклучувајќи го и денот на вселување. “Вселувањето е систематски организирано, како воените маневри.”
2. Има само 12 часа за вселување, чистење и средување
Зошто вселувањето е како воен маневар? Затоа што се случува брзо. ” Службеници од Управата за општи услуги ги одселуваат и вселуваат луѓето, кречат и ставаат нови теписи,” вели Blakeman. “Потребни се сите 12 часа за да се заврши се. Тие се таму до полноќ”. Личниот избор на декор од Првото семејство ќе се направи по вселувањето.
3. Првото семејство е одговорно да донесе се во Белата Куќа
Нешто што повеќето луѓе не го знаат: Првото семејство е одговорно за носење на сите нивни предмети во Белата Куќа. “Тие имаат координација со владата преку приватни преселувачи”, вели Blakeman. На пример, претседателот Obama мораше да ги покрие трошоците за превоз (или со лични средства или пари собрани за кампањата) за да ги пренесе своите предмети од Chikago во Washington. Откако предметите на новоизбраниот претседател пристигнуваат, персоналот го зема имотот и започнува со распакување.
4. Во меѓувреме, претседателот го минува денот на инаугурација
Главниот помошник го координира денот на вселување, давајќи му на персоналот на Белата Куќа планови и фотографии кои покажуваат каде оди секој предмет (тоа се логистички прашања кои новоизбраниот Претседател претходно ги договара со главниот помошник). “Во текот на процесот на вселување, Првото семејство е на инаугурацијата или ја гледа парадата”, вели Blakeman. “По завршувањето на парадата следат инаугуративни балови, така што тоа е надвор од куќата долго време, овозможувајќи сето тоа да се случи.”
5. Има голема флексибилност за декорирање на Овалот
Откако ќе се всели претседателот, тој или таа може комплетно да ја преуреди Овалната Соба. Тоа може да биде менување на уметничките дела на ѕидовите, книгите на полиците, па дури и фотелјите, софите и други парчиња мебел, велат од ABC News.
[button color=”#000″ background=”#fff” size=”large” src=”http://majkatiitatkoti.com/objavi/10-interesni-raboti-koi-ne-gi-znaete-za-belata-kukja/”]Можеби ќе ве интересира повеќе од истиот автор[/button]
6. Вселувањето не ги вклучува само приватните простории
Blakeman проценува дека работат околу 500 луѓе да ја вселат целата нова администрација. “Дури и во случај да има демократ во Белата куќа и демократ да е избран за следен претседател, исто е како да доаѓа републиканец, бидејќи избраниот претседател ќе си донесе свои луѓе,” вели Blakeman. Затоа, службениците го реорганизираат западното крило.”
7. Првата задача? Планирање на погреб
Можеби звучи шокантно, но за време на првата недела по вселувањето во Белата Куќа, Претседателот треба да си го испланира својот погреб ако нешто се случи за време на неговото претседателствување, вели Блакеман.
8. Одбраниот претседател има шанса да си одбере нов готвач
За време на првата недела по вселувањето, претседателот може да си назначи кој ќе готви за неговото семејство. “Можеби не им се допаѓа готвачот кој е таму,” вели Blakeman. “Но тие најверојатно, нема да јадат првиот ден во Белата Куќа. Првиот оброк најверојатно ќе биде наредното утро за појадок.”
9. Новиот претседател добива нова лимузина
Новиот претседател е опремен со нов државен автомобил со последни безбедносни карактеристики (повеќето познати само на Тајната Служба). Исто така, ако тоа не е покриено пред вселувањето, новоизбраниот Претседател ќе се запознае со нешта кои се топ-тајна за итни случаи, апаратура на Белата куќа која беше поставена по 9/11, вели Blakeman.
10. Се менува галеријата фотографии на Претседателот
Пред Кабинетот има ротирачка фото-галерија на претседателот, вклучувајќи и слики од него на средбата со светските лидери и сојузници, пренесува ABC News. На денот на вселувањето, фотографиите се менуваат за нови, на пример, оние на новиот претседател од церемонијата на инаугурацијата.
Посетено 4.207 пати