Ако газда Миле и Ула беа заедно во “Преспав”, тоа сигурно ќе изгледаше вака… (ВИДЕО)

Пред точно две години, Игор ја промовираше засега последната книга „Улица Диши длабоко“ каде објави голем број на песни кои се наоѓаат во неговото огромно творештво. Со повеќето песни кои се објавени, јавноста е доста запознаена и неретко се наоѓаат на плејлистите за секоја седенка со пријателите, а има и такви за кои допрва ќе се зближуваме, како што е „Шарениот шал“ иако е напишана пред повеќе од 30 години.

Овој пат, за вас издвоивме една доста популарна песна која многумина ќе ги потсети на едно доста поинакво време, но и на најпопуларниот пансион во Македонија, ако не е и пошироко, пансионот Преспав​ каде што сите добро сме запознаени со едни од двата тамошни главни ликови: Миле (Игор Џамбазов) и Ула (Тијана Дапчевиќ)…

Па, ако некогаш се прашувавте како ќе се снајдеше Чичо Миле на местото на Коста, тоа сигурно ќе изгледаше вака…

Во продолжение, ви го претставуваме извадок од книгата на Игор Џамбазов, „Улица Диши Длабоко“

ДАНКЕ, МАЈНЕ ЛИБЕ…

Пред месец дена дома гунгула за слава,
шетам низ градот како мува без глава.
Ми приоѓа Германка у фармерки стари,
ме праша кај има банка за да смени пари.
Ми рече дека иде со шатор у Грчка,
мене од таа Грчка желудник ми крчка.
И ко на филм ми вика: „Немам кај да спијам“,
си реков – леле бачко, тука нема зијан.
Ја земав дома око ич да не ми трепне,
немаше некое врапче тука да ми шепне:
„Пази шо праиш бачко, пази шо ќе праиш“.

Ма каква една вечер остана досега,
и нема шанси у скоро време да си бега.
Гледаме само Ер-те-ел и оној Бекер,
а коса ми се дига од тој црвен шмекер.
За мојта шкода вика: „Колава е труба“,
се узајмив и земав преку оглас буба.
Ме натера да прочитам нешто од Гете,
мајка ми, сестра ми, се здрвија двете.
Со порно-филмови ми направи тортура,
па после истото во кревет фискултура.
По цел ден животот ми е само на „ура“.

А чим ја виде баба ми, одма ми кажа:
„Оваа се бави сто посто со шпионажа“.
И беше сумњива од самиот почеток,
тој ден ми беше бачко – 13-ти, петок.
Нема да издржам и сигурно ќе здивам,
почна да бара на германски да ѝ кивам.

Па решив партизански живот јас да водам,
од овој окупатор да се ослободам.
Облеков блуза војна, маслинесто сива,
па акнав 7-8 македонски пива
и тргнав сигурно во офанзива.

Во борба, во борба, во бооорбааа…

Данке мајне либе, извини што те сретнав,
ќе си фаќам мајка бежанија.
Данке мајне либе, нејќам да сум зет
на окупаторска твоја Германија.

***

 Тоа е времето кога Скопје го посетуваа туристи, исто како и денес.
 Ама, по грешка.
 Или на поминување кон земјата на која не сакам ни името да ѝ го споменам.
 Со неа ги отворавме трите големи концерти во Универзалната сала на 16-ти, 17-ти и 18-ти ноември, 1997 година.
 И станавме првите македонски изведувачи кои успеале во тоа.
 Без спотови на телевизија, без хитови на радио, без ништо.
 Само пуста желба за блуз.
 И за Германки, во тоа време. Најпопуларно нешто тогаш беа порно-филмовите со Германки.
 Да бидам искрен, пријателе мој, кога и да видам Германка, првата асоцијација ми е:
 „Јааа… јааа… зо… зооооо… шприцен… шприцеееенннн…“
Посетено 6.341 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!