Игор Џамбазов: 31 март (Извадок од книгата „Приказни од Мјаукедонија“)

– Извадок од книгата „Приказни од Мјаукедонија“

31 март

Крај на последниот март. Ова беше чкарт март. Последната вест, во последниот март предизвика вистинска детонација. Детонатор. Нова духовна храна за сеирџиите. Пари, уцени, рекети, автомати за комар, лихвари… а народот се чуди, државата уште повеќе. Како да ја открија Америка.

И во Америка има детонатори. И тоа еден куп. И што фајде што ја откриле вистинската Америка? Знаете ли Вие, мјаукедонски хомо-сапиенси, дека дотичната Америка како таква, ја граделе најосогласените затвореници, убијци, уценувачи, силувачи…

Чисто информативно.

Посетено 208 пати