Убавите жени на нашата Македонија!

ВДАХНОВЕНИОТ: Блаже Конески – "Убавите жени"

IGTV @majkatiitatkoti
https://www.instagram.com/tv/BnAoIKMAH8E/

Убавите жени во мојот народ
тие брзо прецутувале
како цут од кајсија
како мајски јоргован.
О неправда!
Тие им припаѓале на неизбрани мажи,
нивните коси дење сплетени во прцлиња
ноќе распуштени по градите и колковите.
Нивниот постап на препелица
набрзо го сопинала унечка,
нивната младост поминувала
како мирис на липа што го одвева ветрот.
Набрзо тие седнувале на порта
со наведната глава и издадени коленици,
со нечујна издишка.
Убавите жени, несреќните жени
тие брзо прецутувале
како цут од кајсија
како мајски јоргован.

Блаже Конески

Posted by MAJKA TI I TATKO TI on Monday, August 27, 2018

Посетено 317 пати