Сонував дека отварам Олимписки Игри, ама не обични Олимписки Игри

Сонував дека отварам Олимписки Игри, а тамо:

пара скокање на јаже, трискок у минско поле, 100 метри со пречки у развојо , шток во височина, фрлање копје на шопје, уметничко лизгање на ракија од чоканче, хокеј на трава и на табли, синхронизирано давење, кану на мирни води со сите петки, фрлање диск, матична и графичка, тенис со нога, и голман и играч.

Читам соновник, пишува да си измијам очи у шољата и да ја споделам оваа слика за здравје!

Посетено 284 пати