Секоја држава, особено на Балканот, си има по некој заебан во администрација!

Имено, на социјалните мрежи се појави фотографија каде што вработена во администрација во општината во Ваљево, Србија си решава крстозбори за време на своето работно време.

Добро сега, некој крстозбор, некој солитер, некој Фејс… Кој за што си е надарен и кој за што учел.

Фотографијата предизвика бес и полемика во јавноста. Луѓето на „Фејсбук“ тврдат дека жената била фотографирана додека на шалтерот чекале да завршат работа повеќе од 100 луѓе.

„Ова е сликано во оштината. Госпоѓата решава крстозбор, додека на шалтерот, каде што  треба да биде, чекаа повеќе од десетици луѓе. Па барем сокријте ја да не ја гледаме“, стои на објавата.

Додека, пак, некои сметале дека жената го користела своето слободно време и дека била на пауза.

„Можеби жената била на пауза. Дали сте сигурни дека ова не е фотографирано за време на пауза“, биле некои од коментарите под фотографијата.

Посетено 651 пати