Само ние не си го знаеме јазикот

Виетнамецот Ле Фи Фи говори перфектно македонски јазик. Јасна, чиста и концизна мисла. Предава во средното музичко училиште и на Музичката академија. Да не зборувам за Гонзалез, кој со скопскиот сленг е пресладок. И другите странски спортисти кои играат за МК го зборуваат одлично нашиот јазик. Само ние не си го знаеме јазикот. Ужасна неписменост и безбројни правописни и граматички грешки осамнуваат во новинарски текстови и низ ФБ-ов. Најтапа се Србите кои живеат во МК. Не бре брате, никако да го научат јазиков наш насушен. Зборуваат на некој чуден македонско – српски микс со измислени кованици. Нека не ми се лутат

Посетено 1.350 пати