Не се заљубувај во жена…

Не се заљубувај во жена која чита, жена која премногу чувствува, жена која пишува…

Не се заљубувај во образована, магична, ексцентрична, луда жена.

Не се заљубувај во жена која размислува, која го знае тоа што го знае и која знае како да лета – жена којашто е сигурна во себе.

Не се заљубувај во жена која се смее или која плаче додека води љубов, којашто знае како да го претвори својот дух во месо, а не дај Боже да се заљубиш во жена којашто сака поезија (овие се најопасни) или којашто поминува половина час размислувајќи за некоја слика и којашто не може да живее без музика.

Не се заљубувај во жена која се интересира за политика и која е бунтовна и која чувствува огромен хорор кога се работи за неправди. Жена којашто воопшто не сака да гледа телевизија. Или жена којашто е убава без разлика на тоа какви се цртите на нејзиното лице или тело.

Не се заљубувај во жена која е интензивна, забавна, луцидна и несоодветна.

Немој да посакуваш да се заљубиш во таква жена. Затоа што кога ќе се заљубиш во таква жена, без разлика дали таа ќе остане со тебе или не, без разлика дали те сака или не, никогаш нема да можеш да се опоравиш од таква жена.

Марта Ривера-Гаридо

Посетено 2.147 пати