Исповедите на еден Психотичен Ум – прв дел

Добро. Ова ич не беше лесно. Главата ми прска. Олку не сум плачел со години. Ебате пиздата. Што муж ќе бев? Кој муж бе сивоњо една одамна го изгуби тој епитет. Кај ми е пивото? Еве го. Цркни! Кога ти викав пред 5 години додека се’ уште имаше надеж за тебе да идеш на психотерапија – ти не. Епа еби се сега. Лингур глуп скопски. Сега те натераа. Со сила и тоа. Тешко ти е, а? Тешко е да слушаш. Знам. Тврдоглаво копиле си. Добри нозе оваа психотерапевтката. Мила се викала, а? Како бе не ја знам од град, а баш мое годиште е. Какви широки колкови има, ќе скренев кога ја гледав. Прстен имаше. У курац. Секад иста приказна. Сите добри се веќе мажени или со дечковци. Сигурно има и деца. Кога ми го запишуваше бројот видов слика од прцул еден мал. Гарант е нејзин.

Исповеди на еден Психотичен Ум прв дел

ЌУТИ! ПРЕСТАНИ! Зошто отиде таму, знаеш ли? Свесен ли си како дојде до ова дереџе? Престани да се опседнуваш со жени. Имаш проблем. Сфаќаш? Да, сфаќам, олабави ме пет минути, ми треба време да си ги средам мислите. Ќе и’ се јавам на Тања, таа ќе ме смири. Немој… Морам!
„Што правиш?“ – праша Симон.
„Еве само што се вратив од работа. Мртва уморна сум. Ти?“ – одговори Тања.
„Бев…“
„И?“
„Не можам по телефон. Ај дојди.“
„Престани! Знаеш дека не можам.“
„И што сега, ќе ме оставиш кога најмногу ми требаш? Толку си змија себична?“
„Пак пиеше?“
„Пиво е. Не е пиење тоа!“
„Ако имаш нешто да споделиш, слободно. Те слушам. Ако не, чао!“
„Ми рече да седнам и да пишувам. Било терапевтски као демек.“
„Што да пишуваш?“
„Што ќе ми дојде. Да сум си ја исчистел душата. Ко демек се’ уште имам душа!“
„Чим се’ уште си загрижен за твојата душа значи дека уште има останато од неа длабоко во тебе. Се бори да излезе.“
„Почна со твоите зен срања, а?“
„Почна со твојот одбранбен механизам, а?“
„Ај чао. Идам да се посерам на хартијата. Барем така ќе излезе нешто од мене.“
„Гаден си!“
„Ти и таков ме сакаш.“
„Да. Од сожалување.“
„Кучка!“  – рикна Симон и го тресна мобилниот од земја.
Ми иде да си го искорнам лицево. Све ме чеша. Ќе умрам од жешко. Каде е даљинското од климата? Еве го. На дваеска бе, директ, па нека ме стрефи срце ако треба. Зошто сум толку опседнат со секс ме праша бе?
„Кој не е. На кој не му се ебе?“
„Дали си исфрустриран?“
„Сум.“
„Зошто?“
„Зошто? Затоа што нема човечност повеќе на светов. Испари последната капка човечност дента кога дури и човек како мене се смени.“
„Зошто мислиш дека си сменет?“
„Ти луда да не си? Нели гледаш каков човек сум станал? По судски налог сум тука, не е заебанција тоа!“
„Мене ми изгледа како повик за помош тоа.“
„Ти си стручњакот, кој кур знам јас.“
„Зошто вулгарности?“
„Издувен вентил. Знаеш, ги канализирам фрустрациите.“
„Делуваш како да си свесен на што треба да работиш кај себе.“
„Делувам.“
„Што те плаши најмногу?“
„Едноличноста. Сивилото на градот кое сам го рефлектирам преку рутината која ја гние душата.“
„Ти треба партнерка?“
„Нема партнерка за мене…“
„Зошто ја прекина реченицата? Доврши ја мислата. Раскажи ми ја приказната која што очајно сакаш да ја споделиш.“
„Демек ти после совет ќе ми дадеш?“
„Не, само ќе те ислушам. Без критика, без пофалба, без осуда, без предрасуди. Само ќе слушам.“
„Премногу има. Немаме толку време.“
„Последен си за денес. Ќе направам време ако треба.“
„Не можам. Барем не деталите кои ме доведоа тука. А и башка што не знам од каде да почнам. Уствари знам, ќе почнам од средината. Нема да одам во детали иако сакам. Некако не можам.“
„Може вака да се договориме. Што нема тука да можеш да кажеш пиши го на лист хартија. Може?“
„Може… Него, зошто вие жените сте толку комплицирани? Порано ви наоѓав НЗС бе пичка му матер сега не можам да ве прочитам. Седи спроти тебе а ти ја гледаш немо и ништо. Не знаеш дали те сака, дали те посакува, дали само и прија твое друштво, дали те гледа како другар, дали те гледа како дворски шут… не знаеш. А даваш знаци дека сакаш да знаеш на што си. Јок. Ледено доба од емоции. Уствари има емоции. Има смеење има блага доза на флерт. Вербално и индиректно ти дава до знаење дека машките погрешно ја сфаќале, демек таква била она, отворена, а сите после се запуштавале па требало да се објаснува. Абе да те здоболи глава. Знам и јас да му ебам матер. Не сум дете. Сум начукал толку години у гз. Знам дека не е за мене, ама пак идам. А не бев таков. Не иде, не иде. Фрлав и идев понатаму. Ама сега изгледа немам муда да идам понатаму и еве ме по не знам кој пат, пак со бивши се замарам. Некако најлесно ми е така. А најлоша навика на свет е. А што да праам кога другово што се нуди на пазарот е гној и тиња. Септичка јама од луѓе. Душевно празни. Немаат ни демони во нив бе. Барем демони да имаа ќе знаеш дека со еден потег ќе можеш да ја извадиш Легијата од нив и од свињи луѓе да ги направиш. Не. Ова се душевно еродирани скотови. Роботи… Јебем им матер!“
„Зошто толку библиски референци? Верник си?“
„Не. Тоест сакам да бидам, ама не сум доволно зрел за да можам да се посветам на живеење на духовно чист живот.“
„Што те спречува?“
„Мојот дух. Вришти во мене. Сакам да го ослободам, ама страв ми е да не се искомпромитира кога ќе дојде во контакт со шлајмов кој се движи во градов… Не можам повеќе да зборувам. Ќе си одам. Него… за што да пишувам?“
„Сам ќе си одлучиш.“
„Добро. А сакав да прашам… доколку не би ми била психотерапевтка дали…“
„Не. Веднаш ќе те прекинам.“
„Зошто не?“
„Мажена сум.“
И за што да пишувам сега? За Белград. Пред три години. Конференција со луѓе од цел свет. Дводневна. Стигнав во хотелчето. Се запознав со регионалниот директор. Крут човек. Низок, проќелав, грд и лут. Не лош – олош! Двете помошнички негови дојдоа да ми направат муабет. Двете Марии. Убави девојки. Ме примети старово магаре дека ги меркам и дека им фаќам око и оп ми ги тргна. Педер скапан, од прва ми мава кокблок. Добро е што не се замарам со ништо. Службено сум тука, ич кур не ме боли за жени. Џапнав пивото и си легнав.
Отворам очи што ќе видам. Агенда од јутра до сутра. Муда од лабуда. Подосадно нешто амин. Јеби га. Ќе се издржи. Све за љубав. Дојден сум профи тука. Леле, четири саати слушам како вергла странџеросов, ми се сере више. Онаа има добри цицки. Свака и’ част. Ко за Британка добро се држи. Не е ретардирана у фаца ко Џорџ Робертсон. Сигурно е од мешан брак. Немало инцест у фамилија. Добро е.
Аман нек поминат уште два саати, шест попладне дојде. Сега овие ќе го тупат со активности. Многу се клише ова англосаксонскиве финти, а уште несконтаа фраериве дека вакви финти на Балкан не ти палат бе брате. Добро бе. Ќе станам еве јас. Само нека пројде време. Ова ко у средно, покажи се малку и одма си центар пажња. Голем кур, пола се мажени, пола грди. Комбинација – доџе ми да вриснем.
Конечно вечера. Топ. Барем да напунам мев. Од толку активности сум глуп. Гледам дегустација на вино у агенда, а? Фала курцу нешто интересно. Кај да седнам? Леле куртонов регионалниот ме вика. Ај до него, јебеш га. А види го кој лешпер е, ги седнал Марииве од другата страна. Пизда! Оп винце донесоа. Чек да си турам. Ај ќе им турам и на сите од масава бе, да покажам манири малку пичка му матер, па не сум од село до толку. Фини луѓево на маса. Овие се некои мирни, ама имаат потенцијал. Сега ќе ги отворам. Знам како. На здравје! Ќе ги учам на македонски да кажат. Додека се трудат да запамтат ќе им дотурам.
На здравјеееее! Добро е, готови се, пола се ѓон веќе. Е сега барем ќе биде интересно. Уф и мене почна да ме фаќа. Дај да научам и ја на здравје на друг јазик. Еј на словачки и чешки е слично ко кај нас. Русиве исто. Ау, маџарскиов. Еге-како? Егешегедре! Уф пази да не го запамтам ова. Отров. Еј еве ја цицлестава Британка. Добро иде муабетов. Ама се пази маму и’ ебам. Ај здравје да потковам терен, па нареден пат може ќе има леб.
Кој ме буцка бе? Маџаркава. Здраво ми се свиѓаш ми вика. Е добро де. Фино. Не, не разбираш дечко, ми се свиѓаш. И? Носи ме у соба ми рече? Кај има скриена камера бе? Еј нема. Македонци и Срби нема да пукаат сеир. Абе оваа мртва сериозна сака да ме ебе? Нема шанси. Еј, Маџарке, да дојде и Британкава, а? Види ја бе ми вика зошто да не. Британке мори,ти што ќе кажеш. Ау, се мисли и оваа. Не ме зезај, потенцијална тројка? Ништо, се испичи Британкава. Каде ме влечеш за рака бе? Маџаркава сериозна бре. Се поднапи и она ја гледам. Ајде у соба тогаш.
Напаѓај одма, да знае кој е главен. Рака за коса, со друга соблекувај и’ ги фармерките. Влажна е. Приклешти и’ ги рацете за ѕид. Не, стави и’ ги позади глава, да не прета многу. Вади тоа прслукот. Добра бе била. Добро цице вади. Тврдо таман у големина. Џиткај ја на кревет. Камен пијан, камен доле, рецепт за долго штракање. Бара кондом. У курац! Не носам. Толку беше, ја ебав работата наместо нејзе. Кур ме боли идам без. Е кур, нејќе она. Биди упорен, не се пропушта ова.
Леле се отвори оваа. Мажена била, има деца. Добро што им е проблемов на жениве. Што кур бара кај мене у соба ако е мажена. Ќе повраќа сега. Не е секој за вино. Чекај да пробам додека… Не, не, не биди гад ти ебам пијаното гојдо. Саат и пол помина. Се утепав од пробување. Не бре брате, не дава ова без кондом и крај. Дојди ваму ти. Парталите во рака и мрш од соба. Молам? Гола си, да се облечеш? Не ме занима бе. Гитла у ходник.
Како можев така гојдо да бидам со неа, а во други ситуации толку шмокле. Зошто немам средина. Зошто на некои им пристапувам со толку срам и понизност, а други ги третирам ко лајно? Каде е границата? Маџаркава другиот ден ми се извини. Нешто сериозно е сјебано со светов!
(продолжува ТУКА)
Извор | Fail.mk
Расказот е извадок од романот – Исповеди на еден психотичен ум

[button color=”#000″ background=”#fff” size=”large” src=”http://majkatiitatkoti.com/author/psihotichen-um/”]Можеби ќе ве интересира повеќе од истиот автор[/button]

Посетено 2.316 пати

Психотичен Ум

Психотичен Ум

Vladimir Ristevski (Psihotichen Um)