Бркот Ми Го Смени Животот

[fblike]
Понекогаш во животот се случуваат магични нешта кои не можеме никако да си објасниме, но се тука за да нѐ потсетат дека чудата се возможни. За мене тоа беше денот кога пуштив брк. Да, добро прочитавте, брк, не мустаќи. Зошто брк? Затоа што бркот е институција!

brkot-mi-go-smeni-zhivotot_majkatiitatkoti

Сѐ започна така невино и со одредена кауза – Мовембер. Имајќи за цел да ја поддржам традиционалната акција за покренување на свеста за рак на простата јас решив да го избричам новонараснатото брадиште и да му дадам душа на еден исконски дел од машката фацијална покривка кој дотогаш немаше видено бел ден, бар не така моќно во изолација од останатата флора и фауна на суратов ми мој.
Па така, една вечер, на неколку дена пред крајот на ноември се решив да удрам машинка. Бркот осамна на мое лице гордо и триумфално, но јас не го исперцепирав многу, многу, туку само му акнав една фотка, ја фукнав на Фејсбук за народ да се смее и си легнав да спијам заборавајќи да го избричам.
Е тука веќе доаѓа кулминацијата на бркорастието мое – наредниот ден кога се појавив на работа како бугарски предратен швалер со кодно име Аспарух Калашников (и не, не е калаш) сфатив дека сум го заборавил тоа парче тепих над горната усна кое со секој час се здобиваше со моќ која дотогаш не верував дека постои.
Сеирот почна, но почнаа и пофалбите. Одеднаш сфатив дека бркот е своевиден магнет за жени и дека изискува почит кај мажите. Анализа мораше да се направи. Отидов во ќенеф и му удрив еден опул на новото другарче за да видам што е тоа што го прави толку неодоливо.
Првото нешто што го забележав е неговата генијална геостратешка положба. На средина на коридорот фацијална експресија бркот доминира со машкиот сурат. Е сега нема да навлегувам во анализа на различните видови на бркови, но само ќе кажам дека се работи за сказалки-брк.
Предноста на овој брк е тоа што по дифолт ја прави машката гримаса као полунакурчена, полузлобна, со што автоматски се наметнува како лидер во секоја ситуација у стилом, све те пратам што правиш, не се опуштај многу!
Со таквата доминантна гратис фаца даваш до знаење дека нема заебанција со тебе и автоматски ти расте и самодовербата, бидејќи, ако ништо друго, барем целото внимание сега е насочено кон тебе. Со нов клик на твојата сурат-страница (фејсбук у реално време) ти расте рејтингот на самодоверба, а со тоа експоненцијално ти се оправа и држењето. Бркот е сега тој што владее со твоето тело, а богами и со умот.
Сега веќе имаш дигнато левел како суперхерој од игрица и знаеш дека сакаш да го задржиш бркот со сите негови придобивки. Спремен си дури и да примаш шеги на негова сметка (можеш и донации да примаш ако сакаш). Финти од типот личиш на турски бизнисмен, на Величествениот, на бугарска порно ѕвезда, на Рон Џереми се веќе слушнати и не те тангираат. На таквите хејтери им фрлаш само еден остар поглед и знаат дека аргументот не им држи вода (бркот твој е толку моќен што покрај вода може и јогурт да држи).
Да, бркот е моќен. Да, бркот се враќа во мода. Да, бркот може да ви помогне со успесите на сите полиња – од академски, преку успех на љубовен план, па се до кариерен. И да, последниве неколку пасуси повеќе не ги пишувам јас… бркот е сега во тотална контрола…

 

 

Извор: Pixel.mk
pixel-portal-logo
Посетено 1.590 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!