Гуру Харе и Аки Рахимовски со нова песна

Познатиот гуру на музиката, Харе, и фронтменот на ЕКС-ЈУ групата „Парни Ваљак“, АкиРахимовски, ја реализираа песната со наслов „Мајко“.

Текст и музика: Гуру Харе
Вокал: Аки Ракимовски
Аранжман и продукција: Диран Тавитјан

„Песната настана спонтано, во една дружба, без многу договорање и планирање, и е наблиска до некој македонски блуз. Аки сѐ уште го сочувал правилниот и убав македонски јазик и ја испеа песната токму на тој начин. Пријатно ме изненади. Дики Тавитјан направи одличен аранжман, токму онаков каков што замислував.“ – изјави Гуру Харе кој е автор на музиката и на текстот на песната, а продуцент на истата е Диран Тавитјан.

Спотот премиерно прикажа во емисијата „1 на 1“, на 19 мај, каде Харе ја раскажа комплетната приказна за соработката и за дружењето со Аки. Во видеото се појавуваат тој и Аки во неформална дружба и во работна атмосфера, а приказната на песната ја доловуваат и актерите Виолета Шапковска, Сеад Хаџиќ, Милан Тоциновски и Јан Теодоров.

Спотот е во режија на Огнен Шапковски, директор на фотографија е Кристијан Теодоров а го изработи „Мелен продукција“.

Во продолжение, погледнете го спотот на Гуру Харе и Аки, кој веруваме дека нема да ве остави рамнодушни:

 

Посетено 808 пати