Нешто убаво – Дани Димитровска (ВИДЕО)
Од денеска можете да уживате во звуците на римејкот на безвременската песна „Нешто убаво“ од Ребека во изведба на Дани Димитровска.
Музиката и текстот се на Игор Џамбазов, главен вокал и продуцент е Дани Димитровска, додека за аранжманот покрај Дани се виновни и: Глигор Динев (тапани); Бранко Сапламаев (клавијатура), Васко Прочков (гитара) и Марко Станковиќ (бас гитара). Како пратечки вокал се придружува и Сара Николовска, додека за снимањето се погрижија Ивица Јанкуловски и Studio Alshar.
Уживајте!
Посетено 879 пати