Ало Боуви што правиш?
Бев да се договорам со попот
што песна да ми пее кога ќе умрам
Ми отпеа 2-3 трејлера од тие
што стандардно ги пеат на погреби
ама нешто не ми фаќа уво
„ај да ми ја пееш Ashes to Ashes oд Bowie“
-го прашувам
„не ја знам таа“
„еве ти“ – му давам цд, „ имаш време
да ја научиш додека да умрам.. само
песната, не треба кореографија“
„нема шанси, си имаме свои песни“
„а бе не забавај, кај плаќам можеш една песна да научиш“
„џабе ме молиш, не ја учам“
„е па јас за инает не умирам.. а и случајно
ако умрам нема ти да ми пееш“
.
„ало Боуви што правиш ?“
„еве ништо, го фарбам окото во зелено“
„ај да не ти одземам време.. ќе можеш
да ми пееш на погреб?“
„пааа.. кога мислиш да умреш, да видам дали сум слободен“
„а бе не планирам ама случајно ако ми се деси“
„ок.. само пиши 2-3 дена порано да се организирам“
„еј супер, ај чао и поздрави ја Иман и кажи и’
да набаци некое килце..чисто пријателски ти кажувам“
„ќе и пренесам, извини брзам сега ќе ми се исуши бојата“
„ок фала ти… ај чао“