Братски топол совет како да ја изненадите девојката оваа зима!!!

Зимото обично од небото паѓа кристален воден мраз у облик на снегулки, или кај обичните смртници попознато како снег. Снего ги праве подкожните влакна надкожни, снего прае твојто Fiat Uno да изледа исто со Мерцедесо А-класа на комшијата, снего ги прае најголемите гадови да се разнежнат како полуматурантки на ‘Ко да вчера не ни било никогаш’, снего ги прае прозаичните градски досади интересни од ново.

И уште нешто прае снего, секоја година, у средината на декември, и чине ми се дека тоа му е главна задача, за тоа е школо учил, за тоа плата зима. Шо ли прае снего у средината на декември?

Па да, остава ги сите метеролози на крајо од вестите запрепастени со отворени вилици како на којотот и стварно ја не знам како не му скисна да ги изненадува екипите на Македонија Пат веќе десетина години уназад. У право се луѓето, крајо на декември треба кокоси да паѓат, од дека сеа снег. Свашта, шо нема да измисле Американецо.

Мислам дека е крајно време да се прекрстат у Македонија Чат-пат.

Братски топол совет: Ако сакаш да ја изненадеш девојката, запосли ја у Македонија Пат и чекај средина на декември.

Посетено 951 пати