Таа знаеше да сака…!
Денот густа магла го обвиваше големиот град . Сивилото на тротоарите се лепеше како смола за душата , чиниш сонцето ја завртело другата страна на светот и сјае поинаку .
Здраво миличок , како си ? – го извади телефонот од чантата, сакаше само да го слушне , макар еден збор да слушне од него …
-Слушај , немам време за глупости , кажи што сакаш ! – бесно извика , …
Знаеше дека има работа, знаеше дека е посветен на кариерата, но нејзината душа го посакуваше толку многу , единствениот маж кој успеа да и го украде срцето …
-Го затвори телефонот, и продолжи да чекори по тротоарот . Сакаше да порасне, да биде жена, но сеуште детенцето живееше во неа, детенцето во телото на една храбра жена , која преживеа безброј удари кои ги зададе животот.
Сакаше да му каже , колку многу и недостига, колку копнее во тој миг по него, а тој имаше работа. Ја разбираше неговата посветеност, ја разбираше неговата желба за успех, а таа само го сакаше, до бескрај имаше желба ,тој да ја почувствува топлината не нејзините зборови . Во нејзината душа полека се собираше се’ она што го донесе животот и најпосле помисли дека среќата и кај неа дојде, макар и да беше колку зрно грашок..Тогаш кога го запозна него..
Замислено, одеше напред , не помислувајќи на она што следи и што се може да се случи …Поминуваше покрај огромното стакло , не гледајќи напред…Беше доцна…Доцна ! …
На самиот излез од банката се судри со тројцата маскирани луѓе , во рацете држеа оружје и заканувачки зборови …Веќе беше доцна, да направи било што , таа го забрза чекорот, но…
Тие беа побрзи од неа, куршумот беше смртоносен …Полека паѓаше на тротоарот со поглед кон синото небо,… Пред самата смрт го здогледа белиот гулаб и тивко шепна…
Оди птицо бела и кажи му дека го сакам …Бескрајно…
Тоа беа последните зборови на ова девојче, кое потoна во вечен сон ..
… Тивок ден, таков каква што беше и нејзината душа ..Некоја меланхолија се вовлекуваше во душите на луѓето , додека чекореа кон тоа место.
Дојде ! …Со тешки чекори ги одбројуваше сите убави моменти кои ги поминаа заедно . Се смееше со него , го прегрнуваше, му кажуваше колку многу го сака, а тој немаше време за тоа. Тој живееше во модерното време и нејзините детски бајки му беа смешни.
Сега ги гледаше луѓето како заминуваат , еден по еден не сакајќи да ја нарушуваат тишината која владееше..
Остана последен…Намерно ..Сакаше таа да ги слушне сите тие убави зборови , кои нему му беа смешни..
Мила !…Љубов моја !…Ме слушаш ли ?
Прости ми душо !..Јас бев идиот !…
И за тебе никогаш немав време..Боже мил, што ќе правам сега ?
Како ќе живеам ?…
Тивка воздишка му се откина од градите ..
Некој од луѓето застана до него и го допре по рамото…Вие сте Огнен Јанески ?..
Да, јас сум – изусти тивко..
Ова е за вас – човекот му го подаде пликот и се повлече..
Рацете му се тресеа, додека полека го отвараше писмото и започна да чита ..
Љубов моја ..
Знам дека си зафатен, знам дека работиш, и дека сиот свој труд го вложуваш во нас . А јас сакам само да те прегрнам и да ти кажам колку многу те сакам..Ги сонувам нашите заеднички мигови , и знам душо , дека многу работиш. Не сакам да ти пречам, прости ми љубов моја , што понекогаш ти досадувам и ти попречувам . Јас од сите најмногу сакам да успееш ,бидејќи знам колку вложуваш во сето тоа.
Прости ми љубов моја, на мојата детска природа . Јас сакав само понекогаш додека работиш, да помислиш на мене , на она дете кое лудо те сака..
Денеска сакав да купам торта, веќе имав идеја , бел фондан, а на него детски боси ноџиња, ..Бремена сум љубов моја, бебето е на пат , не знаеш колку бев среќна кога докторот влезе во ординацијата насмеан , кажувајќи ми ја најубавата вест..Наше е љубов моја, ..Те сакам …
Твоето девојче
Плачеше како мало дете, тешки воздишки му се откинуваа од градите …Сега, сега веќе ништо не беше важно..Сега тој беше скршен на илјада парчиња , сега тој беше како кип, мермерен човек…Темна сенка му го покри лицето..
Ја изгуби…Жената , на која никогаш не и рече дека ја сака, жената која вредеше да биде љубов, жената која беше неговиот ангел на земјата..Неговото мало девојче кое лудо го сакаше…А тој?…
Немаше време…
Oливера Ширговска