Мите струмичанецот. Мите царот за софра. За серенади. За монодрами.
Некаде на почетокот на 1987 година, поточно на 15 јануари, ме примија во легендарниот Драмски театар. Истиот ден добив решение за приправничка плата која во тоа време изнесуваше фасцинантни 50 германски марки, добив многу честитки од постарите колеги, и се разбира добив клуч од шкафче во една од гардеробите. Мое шкафче. Во Драмски. Се радував како бебе на цуцла. Тоа мое “шкафче“ всушност беше една најобична фиока во која можеше да влезе само еден драмски текст и некои дребулии. Но, за мене најважно беше што тоа шкафче се наоѓаше веднаш до гардероберот на чичко Мите. Мите струмичанецот. Мите царот за софра. За серенади. За монодрами. Игравме заедно во претстави од сите жанрови. И секогаш, ама баш секогаш, по завршувањето на претставата, додека се пресоблекувавме и ја вадевме шминката од себе, чичко Мите длабоко ќе се издишеше, ќе се погледнеше во големото замачкано огледало, па ќе го изговореше неговото антологиско:
И чувај од рајската мастика…
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.