Дали спремам испит, или можда сум бремен?
Процесот на спремање испит. Што подолг – толку повеќе личи на трудноќа.
Значи се будиш, и само што фрлаш поглед на сите тие книги, добиваш мачнина, а кај полабилните особи таа мачнина може да резултира со повраќање.
Како што се ближи ‘терминот’ стануваш се понервозен и понапнат, и бараш поддршка и разбирање од домашните.
За огромниот апетит и да не праиме муабет. Подвлекуваш три реда со маркерот и ти се пријадува тост. Ја завршуваш страната и ти се пријадува благо. Не дај боже да започнеш втора страна, ти се пријадува диња у јануари месец.
Кога настапува денон Д, исто како при пораѓај. Се потиш, напет си. Но, поминува долгоочекуваниот чин, полагаш со 6 и се осекаш полесно отколку мајка што родила 3 близнаци.
Посетено 361 пати