ЛОБОТОМИЈА
Конечно заспа.
Сега ќе можам да и’ направам лоботомија
Ќе го ставам нејзиниот мозок во мојот
и ќе дознам што мисли за мене,
дали стварно ме сака
а башка што ќе и’ ги дознам и сите пасворди.
И ставив памук во ушите за да не ја разбудат гласните звуци
и со шмишајбна и го отворив черепот
Добро е , не се разбуди
Го отворив и мојот череп и го упикав нејиниот мозок
покрај мојов
Конечно можам да и влезам во мислите
Го дознав пасвордот и ѕирнав во нејзиниот инбокс
Ништо, никакви сомнителни пораки
И’ ги прочитав мислите за мене и ми дојде
убаво на душава….најмногу ме сака,
стварно не ме лажела
Наеднаш почна да се прозева и набрзина
и го вратив мозокот на место и
легнав до неа божем спијам
Осеќам како станува и по некое време
ми става памукчиња во ушите
О-оо, ова не ми се свиѓа
Скришно ѕирнав и гледам како ја пали шмишајбната
О не, сум наебал..дефинитивно
Од болка сум заспал и кога се рабудив
го видов мојот мозок смачкан на ѕид
и порака на масичката
„Знаев дека си гад ама не очекував дека
со мајка ми се ебеш … нејќам да те видам“
И така, останав и без девојка и без мозок
Посетено 810 пати